Makita EM4350RH Original Instruction Manual page 144

Hide thumbs Also See for EM4350RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стартувајте ја косилката само во согласност со упатствата.
Не користете никаков друг начин за стартување на моторот!
Користете ги косилката и алатите само за назначените примени.
Стартувајте го моторот само откако целосно ќе го извршите склопувањето.
Работата на уредот е дозволена само откако ќе се прикачат сите соодветни
додадоци!
Пред стартувањето, осигурете се дека алатот за сечење не е во допир
со цврсти предмети како што се гранки, камења итн. бидејќи алатот за
сечење ќе почне да врти откако ќе се стартува.
Во случај на проблеми со моторот, тој мора веднаш да се исклучи.
Ако алатот за сечење удри во камења или други тврди предмети, веднаш
исклучете го моторот и проверете го алатот за сечење.
Проверувајте на редовни, кратки временски интервали дали алатот за
сечење има оштетувања (проверка за ситни пукнатини со потчукнување и
одредување според звукот).
Ако опремата се здобие со тежок удар или пад, проверете ја нејзината
состојба пред да продолжите со работа. Проверете дали во системот
за гориво има протекувања, и проверете ги контролите и безбедносните
уреди за дефекти. Доколку има какво било оштетување или сомнеж,
побарајте проверка и поправка од овластен сервисен центар.
Ракувајте со опремата само со прикачен ремен кој треба адекватно да се
прилагоди пред да се стави косилката во функција. Од клучна важност е
ременот да се прилагоди во согласност со големината на корисникот за
да се спречи замор кој настанува заради работата. Никогаш не држете ја
косилката со една рака за време на нејзината употреба.
За време на работата, секогаш држете ја косилката со двете раце.
Секогаш обезбедете сигурна потпора со нозете.
Работете со опремата на таков начин за да избегнете вдишување на
издувните гасови. Никогаш не стартувајте го моторот во затворени
простории (ризик од труење со гас). Јаглерод моноксид е гас без мирис.
Исклучете го моторот кога се одмарате и кога ја оставате опремата
без надзор, и ставете ја на безбедно место за да спречите опасност по
другите или оштетување на машината.
Никогаш не оставајте ја загреаната косилка врз сува трева или запаливи
материјали.
Секогаш поставувајте го одобрениот штитник за алатот за сечење на
опремата пред да го стартувате моторот.
Во спротивно контактот со алатот за сечење може да предизвика сериозна
повреда.
Сите заштитни инсталации и штитници снабдени со машината мора да се
користат во текот на работата.
Никогаш не стартувајте го моторот со неисправен пригушувач за
издувникот.
Исклучете го моторот за време на транспортот.
Кога ја транспортирате опремата, секогаш поставувајте го капакот на
металното сечило.
Осигурете безбедна положба на опремата за време на транспортирање
со автомобил за да избегнете протекување на горивото.
При транспортирањето, осигурете се дека резервоарот за гориво е
целосно празен.
Кога ја растоварувате опремата од камион, никогаш не испуштајте го
моторот на земја бидејќи може да се оштети резервоарот за гориво.
Освен во итен случај, никогаш не оставајте ја и не испуштајте ја опремата
на земја бидејќи тоа може сериозно да ја оштети опремата.
Полнење гориво
Исклучете го моторот за време на полнењето гориво, држете се настрана
од оган и не пушете.
Избегнувајте вашата кожа да дојде во допир со производи од минерални
масла. Не вдишувајте пареа од горивото. Секогаш носете заштитни
ракавици за време на полнењето гориво. Менувајте ја и перете ја
заштитната облека на редовни временски интервали.
Внимавајте да не истурите гориво или масло за да не дојде до загадување
на почвата (заштита на животната средина). Исчистете ја косилката
веднаш откако дошло до излевање на гориво.
Избегнувајте горивото да дојде во каков било допир со вашата облека.
Ако се истурило гориво врз облеката, веднаш пресоблечете се и заменете
ја (за да не се запали облеката).
Проверувајте го капачето за гориво на редовни временски интервали
осигурувајќи дека може сигурно да се затвори и дека не протекува.
Внимателно стегнете го капачето на резервоарот за гориво. Преместете
се пред да го стартувате моторот (барем 3 метри подалеку од местото на
полнење гориво).
Никогаш не полнете гориво во затворени простории. Доаѓа до насобирање
на испарувањата од горивото (ризик од експлозии).
Транспортирајте го и чувајте го горивото само во одобрени садови.
Осигурете се горивото да се чува на места недостапни за деца.
Секогаш полнете гориво на стабилна рамна површина да избегнете
истурање на горивото.
Одмарање
Транспортирање
Полнење гориво
Одржување
Замена на алат
144
3 метри

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents