Монтирање На Флексибилното Вратило - Makita EM4350RH Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EM4350RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МОНТИРАЊЕ НА ФЛЕКСИБИЛНОТО ВРАТИЛО
Монтирање на флексибилното вратило
1. Отстранете ја завртката (1) од крајот на рамното вратило (2).
2. Отстранете го капачето од флексибилното вратило.
ЗАБЕЛЕШКА:
Чувајте го капачето. Секогаш ставајте го капачето кога го отстранувате
флексибилното вратило.
3. Свртете го флексибилното вратило така што вдлабнатиот дел (3) на
флексибилното вратило биде од долната страна.
4. Порамнете го квадратното внатрешно вратило (4) со отворот за спојување
(5). Вметнете го крајот на флексибилното вратило во држачот на цевката
до крај.
5. Затегнете ги со завртката (1).
НАПОМЕНА:
Доколку е тешко да се стави флексибилното вратило, повторно
порамнете го квадратното внатрешно вратило (4).
Не извлекувајте го внатрешното вратило повеќе од 35 мм.
6. Порамнете го отворот (7) на другиот крај на флексибилното вратило
со копчето со винт (8) од куќиштето на квачилото (6), и ставете го
флексибилното вратило во куќиштето на квачилото.
7. Осигурете се дека копчето со винт кликнува додека истото се навртува во
отворот на флексибилното вратило.
Да го отстраните флексибилното вратило од куќиштето на квачилото,
извлечете го копчето со винт и отстранете го.
Поврзување на контролниот кабел
1. Прилагодете го крајот на контролниот кабел од контролната рачка (2) на
крајот на контролниот кабел од моторот (3).
2. Ставете го контролниот кабел од контролната рачка во спојката (1). А
потоа затворете ја спојката.
3. Осигурете се дека гасот во карбураторот се движи истовремено кога се
повлекува рачката на гасот.
Поврзување на проводниците
Поврзете ги проводниците од моторот (1) со проводниците од контролната
рачка (2) така што сите машки и женски приклучоци бидат поврзани.
Прицврстување на контролниот кабел
Прицврстете го контролниот кабел (1) за флексибилното вратило со
користење две стеги (2) и дополнителна стега (3) како што е илустрирано.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека контролниот кабел е соодветно прицврстен за
флексибилното вратило. Лабавиот кабел може да фати гранки и др. и
да предизвика лична повреда.
Не преплетувајте го контролниот кабел околу флексибилното вратило.
Во спротивно гасот може да не работи правилно.
(1)
150
(2)
(5)
(4)
(3)
(8)
(6)
(2)
(1)
(3)
(2)
(1)
(3)
(2)
(1)
(7)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents