Makita EM4351UH Instruction Manual page 140

Hide thumbs Also See for EM4351UH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Метод на работа
– Користете го алатот само во услови на добра осветленост и видливост.
За време на зимата, внимавајте на лизгави или влажни подлоги, мраз
и снег (ризик од лизнување). Секогаш обезбедете сигурна потпора со
нозете.
– Никогаш не сечете над висина на струкот.
– Никогаш немојте да работите додека стоите на скала.
– Никогаш не качувајте се на дрвја за да изведувате сечење.
– Никогаш немојте да работите на нестабилни површини.
– Отстранете ги песокот, камењата, шајките и другите предмети што се
наоѓаат во рамки на работната област.
Надворешните честички може да го оштетат алатот за сечење и може да
предизвикаат опасни повратни удари.
– Пред да се пристапи кон сечење, алатот за сечење мора да постигне
полна работна брзина.
– Кога се користат метални сечила, нишајте го алатот рамнонерно во
полукругови од десно на лево, како при ракување со коса.
Ако трева или гранки се заглават помеѓу алатот за сечење и
заштитникот, секогаш исклучувајте го моторот пред да исчистите. Во
спротивно, ненамерното вртење на сечилото може да предизвика тешки
повреди.
– Одмарајте се за да спречите губење на контролата поради замор.
Препорачуваме да правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути секој
час.
Алати за сечење
– Употребете соодветен алат за сечење за работата што претстои.
Глави за сечење со најлон (жичени глави за тример) се соодветни за
косење трева.
Металните сечила се адекватни за сечење пирај, високи треви, грмушки,
џбунови, израстоци под дрвјата, групи грмушки и сл.
Никогаш не користете други сечила вклучувајќи метални повеќеделни
пивот-синџири или ударни сечила. Во спротивно, може да настанат
тешки повреди.
– Кога се користат метални сечила, избегнувајте „повратен удар" и секогаш
подготвувајте се за ненадеен повратен удар. Видете ги деловите
„Повратен удар" и „Заштита од повратни удари".
Повратен удар (потисок на сечилото)
– Повратен удар (потисок на сечилото е ненадејна реакција на зафатеното
или заглавеното метално сечило. Штом настане, опремата отскокнува
странично или кон операторот со голема сила и тоа може да предизвика
сериозна повреда.
– Повратните удари особено настануваат кога сечилото се применува со
сегментот помеѓу 12 и 2 часот на тврди предмети, грмушки и дрвја, со
дијаметар од 3 цм или поголем.
– За да избегнете повратен удар:
• Применете го сегментот помеѓу 8 и 11 часот;
• Никогаш не применувајте го сегментот помеѓу 12 и 2 часот;
• Никогаш не применувајте го сегментот помеѓу 11 и 12 часот, и помеѓу
2 и 5 часот, освен ако операторот не е добро обучен и искусен, и тоа го
прави на свој сопствен ризик;
• Никогаш не користете метални сечила во близина на тврди предмети,
како што се огради, ѕидови, стебла на дрвја и камења;
• Никогаш не користете ги металните сечила вертикално за операции
како рамнење рабови или поткастрување живи огради.
Вибрации
– Лицата со слаба циркулација што се изложени на прекумерни вибрации,
можат да се здобијат со повреди на крвните садови и на нервниот
систем. Вибрациите можат да ги предизвикаат следниве симптоми на
прстите, рацете или зглобовите: „Заспивање" (отрпување), треперење,
болка, бодежи, менување на бојата на кожата или на кожата. Ако
настане кој било од овие симптоми, побарајте помош од лекар!
– За да го намалите ризикот од „болест на бел прст", држете ги рацете
топли за време на работата и добро одржувајте ги опремата и приборот.
Упатства за одржување
– Секогаш сервисирајте ја вашата опрема во овластен сервисен центар и
користете само оригинални резервни делови. Неправилната поправка и
лошото одржување може да го скратат работниот век на опремата и да
го зголемат ризикот од незгоди.
– Состојбите на косилката, особено на алатот за сечење, заштитните
уреди и ременот за рамо мора да се проверат пред да се започне со
работа. Треба да се обрне особено внимание на металните сечила кои
мора да бидат правилно наострени.
– Исклучете го моторот и извадете ја спојката за свеќичката кога
заменувате или острите алати за сечење, и исто кога го чистите алатот
или сечилото.
140
Внимание:
Повратен удар
Дијаграмска
слика
Дијаграмска
слика

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Em4350lhEm4350uh

Table of Contents