Bosch ART 23 SL Original Instructions Manual page 105

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 8
OBJ_BUCH-2058-002.book Page 105 Tuesday, January 28, 2014 9:00 AM
 Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна
на произведувачот, неговиот овластен сервисер или
подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне
незгода.
 Продолжниот кабел држете го понастрана од
елементите за сечење.
 Пред употреба и после удар проверете дали е уредот
оштетен или изабен и спроведете ги евентуалните
потребни поправки.
 Не употребувајте ја машината ако сте уморни, болни
или под влијание на алкохол, лекови или дрога.
 Носете долги пантолони од крут материјал, цврсти
чевли и ракавици. Не носете лабава облека, накит, куси
пантолони, и сандали и не работете боси. Ако имате
долга коса, врзете ја над рамената, за да спречите
нејзино заплеткување во подвижните делови на
уредот.
 Кога уредот е во употреба носете заштитни очила и
слушалки.
 Стојте стабилно и секогаш одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
 Никогаш не користете го тримерот кога во близина има
други лица, а особено деца или животни.
 Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
 Почекајте ротирачките елементи на уредот потполно да
застанат пред да ги допрете. Сечилото продолжува да
ротира и откако моторот на уредот ќе згасне и може да
предизвика повреда.
 Работете само при дневна светлина или при добро
осветлување.
 Не работете со тримерот при лоши временски услови, а
посебно при грмотевици.
 Употребата на тримерот на влажна трева ја намалува
неговата ефикасност.
 Згаснете го уредот кога го пренесувате до и од местото
на работа.
 Вклучете го тримерот само ако Вашите нозе и раце се
доволно оддалечени од сечилото.
 Не приближувајте ги нозете и рацете до вртечките
елементи на сечилото.
 Никогаш не употребувајте метални елементи за
сечилото на овој тример.
 Редовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
 Тримерот носете го на поправка само во овластен
сервис.
 Секогаш проверувајте отворите за воздух да не се
затнати од искосените отпадоци.
 Заштитете се од повреди користејќи нож за конецот да
го исечете на потребната должина. Тримерот секогаш
поставете го со сечилото е во хоризонтална положба
пред да го вклучите.
 Згаснете ја машината и извадете го кабелот од утикачот:
– секогаш кога уредот го оставате без надзор на
извесно време
Bosch Power Tools
– за замена на макарата
– ако кабелот е заглавен
– за чистење или поправка
 По завршувањето на работата извадете го кабелот од
утикач и проверете ја машината за можни оштетувања.
 Чувајте го уредот на безбедно, суво место вон дофат на
деца. Не ставајте други предмети на уредот.
 Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
 Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
 Никогаш не користете го уредот ако на него не се
монтирани придружните делови.
Безбедност од електричен удар
 Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач
пред да ја прегледувате или чистете машината.
Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
 По исклучувањето на тримерот сечилото
продолжува да врти уште неколку
 секунди.
 Предупредување - не допирајте го сечилото додека
се врти.
Вашата машина е за Ваша безбедност двојно изолирана и
не и е неопходно заземјување. Работниот напон е 230 V
AC, 50 Hz (вон ЕУ 220 V). Употребувајте само одобрени
продолжни кабли. За дополнителни информации
обратете се во Вашиот овластен кориснички сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред
(РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA.
Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја
употреба.
Предупредување за производите кои не се за Британски
пазар предвидени:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е
поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач.
Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од
прскање, направен од гума или обложен со гума.
Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски
намотувач.
Продолжниот кабел мора редовно да се прегледува за
евентуални оштетувања и да се користи само ако е во
совршена состојба.
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи
Бош електричар.
Користете само продолжни кабли со H05VV-F или
H05RN-F.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите
и нивното значење. Правилната интерпретација на
симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја
користите косачката.
Македонски | 105
F 016 L81 069 | (28.1.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Art 26 sl

Table of Contents