СОВЕТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ
Нормална работа на клима уредот
Следните симптоми не претставуваат дефект на клима уредот
Проблем
По притискање на копчето за
вклучување уредот не започнува со
работа следните 3 минути.
Клима уредот тивко бучи
Од внатрешната единица допира
чуден мирис
Од внатрешната единица капе вода
При греење воздухот не почнува
веднаш да дува од клима уредот
Клима уредот за време на греење
или ладњње преминува во
вентилаторски начин на работа
Производителот и увозникот го задржуваат правото на промена на технички
и други особености без претходна најава.
Производителот и увозникот не се одговорни за можни печатарски грешки.
Причина
Служи за заштита на компресорот. Ве
молиме причекајте.
Слабото пукање е резултат на стегањето и
ширењето на предната плоча заради
промена на температурата.
Слабото пукање може да е предизвикано
од вклучувањето и исклучувањето на
вентилаторот или компресорот.
Може да се слушне звук на течење на вода.
Тоа не е дефект. Можеби дошло до
ширење на средството за ладење во клима
уредот.
Клима уредот во просторијата го враќа
впиениот мирис од ѕидовите, теписите,
чадот, мебелот и облеката.
На површината на внатрешната единица
може да се кондензира пареа во услови на
висока влажност (поголема од 80%).
Наместете ја хоризонталната лопатка во
положба за максимален проток на взодух и
изберете виаока брзина на вентилаторот.
Уредот е дизајниран против дување ладен
воздух при греење, кога изменувачот на
топлина е во еден од следните три услови
и кога не е постигната наместената
температура
A) Кога греењето започнува.
B) При одмрзнување
C) Греење при ниска температура.
При одмрзнување внатрешниот или
надворешниот вентилатор престануваат со
работа (само кај моделите со греење и
ладење)
Кога внатрешната температура ќе ја
достигне наместената температура,
компресорот автоматски престанува со
работа и клима уредот ќе премине во
вентилаторски начин на работа.
Компресорот повторно ќе започне со
работа кога внатрешната температура за
време на ладење ќе се покачи или ќе се
намали за време на греење (само кај
моделите со греење и ладење).