Download Print this page

Посебна Функција - Vivax ACP-12CH35AETI-B User Manual

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 172
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
ДИГИТАЛЕН ЕКРАН
Ја прикажува тековната ставка на
температурата и шифрата на дефектот
за време на работа на клима уредот.
Кога е активирана функцијата
самочистење прикажува „ ".
Индикатор AUTO
Прикажан за време на автоматска
работа.
Посебна функција
Функција за чист воздух (опционална)
Квалитетот на воздухот е клучен за
удобноста, а овој клима уред е опремен со
јонизатор или плазматски собирач на прав
(зависи од моделот). Јонизаторот може да
создаде мноштво јони за просторијата да
се наполни со освежувачки природен
воздух.Целото Ваше семејство секој ден
ќе ужива во природен, чист и здрав
воздух. Плазматскиот собирач на прав
може да создаде зона на јонизација. Со
минување низ високонапонскиот
генератор на јони, воздухот се претвора
во плазма. Електростатскиот филтер
привлекува 95% од честичките прав, чад и
полен.
Функција следење
Далечинскиот управувач служи како
далечински термостат, што
овозможува прецизна контрола на
температурата на местото каде се
наоѓа.
За активирање на функцијата следење
насочете го далечинскиот управувач кон
единицата и притиснете го копчето Follow
Me. На далечинскиот управувач се
прикажува температурата на неговата
местоположба. далечинскиот управувач ќе
го испраќа овој сигнал до клима уредот на
секои три минути, дури не се притисне
повторно копчето Follow Me. Доколку
единицата не го прими сигналот на
следење во тек на 7 минути, единицата ќе
емитира звучен сигнал како знак дека
функцијата следење веќе не е активна.
Индикатор TIMER
Прикажан за време на работа на тајмерот.
Индикатор CLEAN AIR (опционален)
Прикажан кога е активирана
функцијата за чист воздух.
Функција самочистење (опционална)
Функцијата се користи по прекин на
ладењето за чистење на испарувачот за
да остане чист за следната употреба.
Оваа функција е едноставна за употреба
бидејќи се активира со далечинскиот
управувач.
Забелешки:
Оваа функција е на располагање само
при ладење (автоматско или присилно) и
при сушење.
Пред активирање на функцијата се
препорачува клима уредот да лади
приближно половина час.
По активирање на функцијата
самочистење сите ставки на тајмерот се
поништуваат.
Доколку при самочистење повторно се
притисне копчето SELF CLEAN на
далечинскиот управувач, функцијата
самочистење ќе прекине и уредот ќе
престане со работа.
Функција на автоматско повторно
вклучување
Откако ќе снема ел. енергија, по враќањето
на струјата клима уредот автоматски ќе
продолжи да работи според претходно
поставените ставки.

Hide quick links:

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Acp-12ch35aeti-w