Skil 3571 Original Instructions Manual page 173

Cordless circular saw
Hide thumbs Also See for 3571:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
- секогаш држете ја рачката S цврсто со едната рака,
а рачката T држете ја цврсто со другата рака
- поставете го алатот со предниот крај на стапалото
рамно на работното парче
! проверете запците на пилата да не се закачени
во работното парче
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач W и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање Y
! електричниот алат би требало да се наоѓа во
полна брзина пред сечилото да дојде во допир
со работното парче
- долниот штитник F автоматски се отвара кога
сечилото продира во работното парче (рачно
отворете го долниот штитник со помош на лостот G,
само за посебни видови засеци, како на пример за
засеци со заронување)
! не применувајте сила врз алатот (применете
лесен и континуиран притисок за да избегнете
прегревање на врвовите на сечилата)
- по завршувањето на сечењето, исклучете го алатот
со пуштање на прекинувачот Y
! пред да го подигнете алатот од работното
парче, проверете дали е дојдено до целосен
прекин на работата на сечилото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
Добрата страна на работното парче секогаш вртете
ја надолу, за да обезбедите минимално создавање
на деланки
Користете само остри сечила за пила од соодветен
тип r
- квалитетот на засекот се подобрува со бројот на
запците
- сечилата со карбиден врв остануваат остри 30 пати
подолго од обичните сечила
Напречни засеци/засеци по должината t
Напречните засеци или засеците по должина можат
лесно да се изведат со страничната ограда Z.
- усогласете ја водилката со индикаторот за
подесување на линијата на сечењето Q од 0˚ на
стапалото
- вметнете ја страничната ограда Z низ отворите на
двете страни на стапалото до саканата ширина и
прицврстете ја со копчето АА
! осигурете се дека оградата за надолжно и
напречно сечење не му пречи на слободното
движење на долниот штитник и сечилото на
пилата
Сечење со заронување y
- поставете ја посакуваната длабочина на сечење
- навалете го алатот нанапред со индикаторот за
линијата за сечење Q израмнет со саканата линија
за сечење означена на работното парче
- отворете го долниот штитник F со користење на
лостот G
- непосредно пред сечилото да го допре работното
парче, вклучете го електричниот алат и постепено
спуштајте го задниот крај на алатот, со користење
на предниот крај на нивото како показател
- постепено движете го алатот надолу и нанапред
- штом сечилото ќе продре во материјалот, пуштете
го лостот G
! никогаш не туркајте го алатот кон назад
Сечење на големи плочи u
- потпрете ја плочата близу до засекот, на подот,
основата или работната маса
! подесете ја длабочината на сечењето така што
ќе сечете низ плочата, а не низ потпората
- во случај страничната ограда да не ја овозможува
саканата широчина за сечење, со спрега или со
клинец закачете рамно парче дрво на работното
парче, како водилка, и користете ја левата страна
на педалата со оваа водилка i
Сечење со шина водилка p *СТАНДАРДНО НЕ Е
ВКЛУЧЕНА
Употребата на шина водилка овозможува прецизни,
рамни, точни засеци, со наклон од 0° или 45°.
Пред да го направите првиот пресек со шината
водилката, гумениот раб мора да се прилагоди на
кружната пила која се користи.
- за рамен засек од 0°, усогласете ја страната со
наклон од 0° на шината AE (или страната со наклон
од 45° кога правите засек со наклон од 45°) со
саканата линија на сечење означена на работното
парче
- цврсто прицврстете ја шината водилката AE на
работното парче користејќи ги стегите за шината
водилка AF o *НЕ СЕ СТАНДАРДНО ВКЛУЧЕНИ
- турнете ја пилата врз шината AE и свртете ги
копчињата за прилагодување на отворот на
водилката U во насока на стрелките на часовникот
за да го минимизирате јазот помеѓу отворот во
стапалото и подигнатото ребро на шината AE, и
осигурете се дека пилата може слободно да се
лизне на шината без да се ниша странично.
- при поставување на длабочината на сечење земете
ја предвид дебелина на шината водилка AE
- водете ја пилата рамномерно со мала брзина низ
крајот на шината
За повеќе информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој алат не е наменет за професионална употреба
Секогаш чувајте го алатот чист!
отстранете ја батеријата од алатот пред чистење
Секогаш одржувајте ја областа околу долниот
штитник F 2 чиста (отстранете ги прашината и
деланките со раздувување со компримиран воздух
или со четка)
Исчистете го сечилото на пилата веднаш по
употребата (особено од смола и лепак)
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL
сервис (адресите и сервисниот дијаграм на алатот
се наведени на www.skil.com)
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
173

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents