Skil 3571 Original Instructions Manual page 170

Cordless circular saw
Hide thumbs Also See for 3571:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
b) Не посегнувајте под работното парче. Штитникот
не може да ве заштити од сечилото под работното
парче.
c) Прилагодете ја длабочината на сечењето на
дебелината на работното парче. Под работното
парче треба да се гледа помалку од цел забец на
сечилото.
d) Никогаш не држете го работното парче во
вашите раце или преку ногата додека сечете.
Прицврстете го работното парче на стабилна
платформа. Важно е да имате стабилна потпора
во текот на работата за да се намали изложување
на телото, заглавување на сечилото или загуба на
контролата.
e) Држете го алатот за изолираните површини за
фаќање, кога извршувате работа, при којашто
дополнителната опрема за сечење може да дојде
во контакт со сокриените жици или со неговиот
кабел (контактот со жица под напон може да ги
електрифицира металните делови на алатот и да
предизвика електричен удар на операторот)
f) При надолжно сечење, секогаш користете
странична ограда или водилка со рамен раб.
Така ќе ја подобрите прецизноста на сечењето и ќе
го намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна
големина и форма (ромб или круг) на отворите
за осовината. Сечилата што не се совпаѓаат
со хардверот за монтажа на пилата ќе се вртат
ексцентрично, предизвикувајќи губење на
контролата.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни
запчаници или резиња за сечилата. Запчаниците
и резињата за сечила се посебно дизајнирани за
вашата пила, заради оптимални перформанси и
безбедност при ракување.
2) ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Повратниот удар претставува ненадејна реакција
на приклештено, заглавено или лошо порамнето
сечило на пилата, што предизвикува подигање на
неконтролираната пила од работното парче кон оној
кој ракува со пилата
Кога сечилото ќе се приклешти или цврсто ќе
се заглави при затворање на засекот, сечилото
застанува и моторот забрзано ја води единицата
наназад кон оној кој ракува со пилата
Доколку сечилото се искриви или не е порамнето со
површината која се сече, запците на задниот раб на
сечилото може да се забијат во горната површина
на дрвото и да предизвикаат дигање на сечилото од
засекот и отскокнување кон оној кој ракува со пилата
Повратниот удар произлегува како резултат од
неправилно ракување и/или неправилни процедури
или услови при работата со пилата, и може да се
избегне со преземање на соодветни мерки на
претпазливост кои се наведени во понатамошниот
текст.
a) Одржувајте цврст зафат на пилата со двете раце
и поставете ги рацете на тој начин со којшто
ќе си овозможите да ја издржите силата на
повратниот удар. Поставете го телото на двете
страни на сечилото, но не во линија со сечилото.
Повратниот удар може да доведе до отскокнување
на пилата наназад, но лицето кое ракува со неа
може да ги контролира реакциите од силата на
повратниот удар, ако ги преземе неопходните мерки
на претпазливост.
b) Кога сечилото се заглавува или кога прекинувате
со сечење од која било причина, исклучете
ја пилата и држете ја без да ја поместувате
додека сечилото не застане сосема. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите пилата од
работното парче или да ја повлекувате наназад
додека сечилото се движи, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Проверете и преземете
корективни дејства за да ја елиминирате причината
за заглавување на сечилото. Избегнувајте сечење на
клинци или завртки.
c) При рестартирање на пилата во работното
парче, центрирајте го сечилото на пилата во
прорезот така што забите на пилата да не се во
контакт со материјалот. Ако се заглави сечилото
на пилата, може да излезе од работното парче или
да предизвика повратен удар додека пилата се
рестартира.
d) Потпрете ги големите панели за да го сведете
ризикот од приклештување и повратен удар на
сечилото на минимум. Големите панели за работа
имаат тенденција да се виткаат под сопствената
тежина. Потпорите мора да се постават под панелот
на двете страни, близу до линијата за сечење и близу
работ на панелот.
e) Не користете тапи или оштетени сечила.
Ненаоштрени или неправилно поставени сечила
може да доведат до тесен засек и да предизвикаат
прекумерно триење, заглавување на сечилото или
повратен удар.
f) Рачките за заклучување на подесувањето на
длабочината на сечењето и на наклонот мора
да бидат затегнати и цврсти, пред почетокот на
сечењето. Ако прилагодувањето на сечилото се
помести додека сечете, тоа може да предизвика
заглавување и повратен удар.
g) Бидете особено претпазливи при сечење во
постоечките ѕидови или други подрачја кои не
се гледаат. Сечилото на пилата кое стрчи може
да пресече предмети кои можат да предизвикаат
повратен удар.
3) ФУНКЦИЈА НА ДОЛНИОТ ШТИТНИК
a) Проверете дали долниот штитник е добро
затворен пред секоја употреба. Не вклучувајте
ја пилата ако долниот штитник не се движи
слободно и не се затвора веднаш. Никогаш не
стегајте го или врзувајте го долниот штитник во
отворена положба. Долниот штитник може да
се свитка ако пилата случајно падне. Подигнете
го долниот штитник со рачката за вовлекување и
проверете дали се движи слободно и дали ги допира
сечилото или некој друг дел по сите агли и длабочини
на сечење.
b) Проверете ја работата на пружината на долниот
штитник. Ако штитникот и пружината не работат
како што треба, тие мора да се сервисираат
пред употреба. Долниот штитник може да работи
бавно заради оштетени делови, гумени наслаги или
наталожен отпаден материјал.
170

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents