Samsung MC28M6075 Series User Manual page 152

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 394
Водич за готвење
Подгревање
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од табелата. Времињата во табелата
се однесуваат на течности на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од
+5 до +7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо - тие може премногу да се испечат на надворешниот слој
без да се загрее внатрешниот дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се згрева со јачина од 900 W додека друга со јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се подгрева храната со помала
јачина, доколку таа е деликатна, во поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за најдобри резултати. Кога е можно,
промешајте повторно пред сервирање. Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради
заштита од превривање и можни изгореници, промешајте пред, за време и по загревањето. Чувајте ги
во печката за да отстојат. Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во течностите.
Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната. Подобро е да предвидите
пократко време на готвење и доколку е потребно да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време - може да ви користи во иднина. Секогаш
проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно стоплена. Оставете ја храната да постои
одредено време по подгревањето - за да се изедначи температурата. Се препорачува време на стоење од
2-4 минути, освен ако не е поинаку прикажано во табелата. Внимавајте кога загревате течности и храна за
бебе. Погледнете го делот за безбедносни мерки.
40 Македонски
Untitled-11 40
Подгревање течности
Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да
се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници, ставете пластична лажица или стаклена
прачка во пијалаците и промешајте пред, за време и по загревањето.
Подгревање храна за бебиња
Храна за бебиња:
Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте со пластичен капак. Промешајте добро по загревањето! Нека
отстои 2-3 минути пред сервирањето. Промешајте повторно и проверете ја температурата. Препорачана
температура на сервирање: помеѓу 30-40 °C.
Млеко за бебе:
Истурете го млекото во стерилно стаклено шише. Не покривајте. Никогаш не загревајте го шишето заедно
со цуцлата, доколку се прегрее може да експлодира. Добро протресете пред да отстои и повторно пред да
сервирате! Секогаш внимателно проверете ја температурата на млекото или храната пред да ја дадете на
бебето. Препорачана температура на сервирање: прибл. 37 °C.
2017-06-13
3:01:04

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mc28m6075cs

Table of Contents