Сигурност и приватност
Сигурност на мрежа
Не користете ја апликацијата на незаштитена Wi-Fi мрежа. Наш совет е
мониторот за бебе да го користете само на Wi-Fi мрежа заштитена со WPA2
или повисока енкрипција. Со апликацијата, можете да ја користите и
податочната мрежа на вашиот телефон (често се нарекува 4G или 5G).
Пристапните Wi-Fi точки на јавни места, како што се аеродромите и
хотелите, се погодни, но честопати не се безбедни.
Наш совет е мониторот за бебе да го користете само на Wi-Fi мрежа
заштитена со WPA2 или повисока енкрипција. Наш совет е мониторот за
бебе да не го користите на мрежа што користи WEP-енкрипција.
Забелешка: Wi-Fi-мрежи за кои не е потребна лозинка, не се безбедни.
Силни лозинки
Лозинките се неопходни за заштита на вашата Wi-Fi мрежа и вашата сметка
од неовластен пристап. Колку ви е посилна лозинката, толку позаштитени
се вашата Wi-Fi мрежа и вашата сметка.
Правилата за силна лозинка се:
1 Содржи најмалку 8 знаци.
2 Не ги содржи вашето име, името на вашето бебе, друго вистинско име
или име на бренд.
3 Не содржи цел збор.
4 Во голема мера се разликува од лозинките кои претходно сте ги
користеле.
5 Содржи најмалку 3 од 4 типа на следните знаци:
a Големи букви (А - Ш)
b Мали букви (а - ш)
c Броеви (0 - 9)
d Посебни знаци (на пр., #$%&).
Безбедност на личните податоци
Пред да го фрлите уредот, за да ги избришете а со тоа и да ги заштитите
вашите лични податоци, фабрички ресетирајте го уредот за бебето со
долго притискање од 10 секунди на копчето за вклучување/исклучување
додека уредот за бебето е вклучен. Се препорачува да го исклучите уредот
за бебето од апликацијата Philips Avent Baby Monitor+ така што ќе ја
изберете опцијата „Исклучи го уредот за бебе" во поставките од уредот за
бебе во апликацијата.
Ако не сте првиот сопственик, ве советуваме да ги извршите следниве
чекори за фабрички да го ресетирате уредот за бебето за да го осигурите
вашиот уред:
1 Вклучете го уредот за бебето.
2 Откако LED-индикаторот ќе се смени од портокалова во зелена или бела
боја, притиснете на копчето за вклучување/исклучување и држете го
притиснато повеќе од 10 секунди, сѐ додека LED-индикаторот трепка
помеѓу зелена и портокалова боја и уредот за бебето не се ресетира
фабрички.
1211
Македонски
Need help?
Do you have a question about the AVENT SCD971 and is the answer not in the manual?