Download Print this page

Philips AVENT SCD971 Manual page 1207

Hide thumbs Also See for AVENT SCD971:

Advertisement

Опасност
Предупредување
Упатства за безбедност на батеријата
-
Никогаш не потопувајте ниту еден дел од мониторот за бебе во вода или
какви било други течности. Не го ставајте уредот на места каде што
постои можност врз него да капе вода или каква било друга течност или
да биде испрскан. Никогаш не го користете мониторот за бебе во
влажни места или во близина на вода.
-
Никогаш не ставајте какви било предмети врз мониторот за бебе и не го
покривајте. Не блокирајте ги отворите за вентилација. Инсталирајте го
согласно упатствата од производителот.
-
Долг кабел. Опасност од задавување!
-
Проверете дали напонот што е наведен на адаптерот соодветствува со
напонот на локалната електрична мрежа пред да го вклучите уредот во
струја.
-
Не изменувајте или отстранувајте какви било делови од адаптерот или
неговиот кабел, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација.
-
Користете го само испорачаниот адаптер.
-
Ако адаптерот се оштети, секогаш треба да го замените со адаптер од
оригиналниот тип за да се избегне опасност.
-
Држете ги мониторот за бебе и неговите додатоци подалеку од вашето
бебе и од децата.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Децата не
смеат да го чистат или да го одржуваат апаратот без надзор.
-
Заштитете го кабелот за напојување за да не се гази врз него или да не
биде приклештен, особено кај приклучокот, штекерот и местото каде
што излегува од уредот.
-
Поставете го мониторот за бебе на начин на кој неговиот кабел нема да
пречи на некој влез или премин. Ако го ставите мониторот за бебе на
маса или ниска комода, не дозволувајте кабелот за напојување да виси
од работ на масата или комодата. Не го оставајте кабелот на подот каде
што ќе претставува ризик од сопнување.
-
Чувајте ги материјалите од пакувањето (картони итн.) каде што нема да
бидат на дофат на децата, бидејќи тие не се играчки.
-
За да не предизвикате електричен удар, не го отворајте куќиштето на
апаратот за бебето или апаратот за родителот.
-
Производот користете го само за неговата предвидена намена. Пред да
го користите производот и неговите батерии и додатоци, внимателно
прочитајте ги овие информации и зачувајте ги за идни потреби.
Неправилното користење може да доведе до опасни ситуации или
сериозни повреди. Испорачаните додатоци може да се разликуваат во
зависност од производот.
1207
Македонски

Advertisement

loading
Need help?

Need help?

Do you have a question about the AVENT SCD971 and is the answer not in the manual?

Subscribe to Our Youtube Channel

This manual is also suitable for:

Avent scd973