Сервисирање; Безбедносни Предупредувања За Поткаструвачот Со Телескопски Стап - Echo DPPF-310 Operator's Manual

Power pruner
Table of Contents

Advertisement

да создаде ризик од пожар кога се користи со
друго пакување на батерии.
Користете електрични алатки само со
специјално назначени пакувања на батерии.
Употребата на какви било други батерии може
да создаде ризик од повреда и пожар.
Кога батеријата не е во употреба, чувајте ја
подалеку од други метални предмети, како
што се спојници за хартија, железни пари,
клучеви, шајки, шрафови или други мали
метални предмети коишто може да поврзат
еден терминал со друг. Ако дојде до краток
спој на терминалите на батеријата, тоа може
да предизвика изгореници или пожар.
Во услови на прекумерна сила, може да
истече течност од батеријата; во таков
случај, избегнувајте допир. Ако случајно
дојдете во допир, исплакнете со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, веднаш
побарајте медицинска помош. Течноста што
истекува од батеријата може да предизвика
надразнување или изгореници.
Не користете батерии и алатки што се
оштетени или модифицирани. Оштетените
или модифицираните батерии може да
покажат знаци на непредвидливо однесување
што може да доведе до пожар, експлозија или
ризик од повреда.
Не изложувајте ги батеријата и алатката
на оган или на прекумерна температура.
Изложувањето на оган или на температура
повисока од 130°C може да предизвика
експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете ги батеријата и алатката надвор
од опсегот на температура наведен во
упатствата. Ако се полни неправилно или на
температури кои се надвор од наведениот
опсег, може да дојде до оштетување на
батеријата и да се зголеми ризикот од пожар.
2.6
СЕРВИСИРАЊЕ
Електричната алатка треба да ја сервисира
лице квалификувано за поправки само
со идентични заменски делови. Така ќе
бидете сигурни дека електричната алатка е
заштитена.
Никогаш не сервисирајте оштетени батерии.
Батериите треба да ги сервисираат само
производителот или овластените сервисери.
3
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ПОТКАСТРУВАЧОТ СО
ТЕЛЕСКОПСКИ СТАП
Чувајте ги сите делови од телото подалеку
од ланецот на пилата кога работи
Македонски
поткаструвачот со телескопски стап. Пред
да го вклучите електричниот поткаструвач,
уверете се дека ланецот на пилата не допира
на ништо. Само еден момент на невнимание
додека ракувате со поткаструвачот со
телескопски стап може да предизвика
заплеткување на вашата облека или тело со
ланецот на пилата.
Секогаш држете го поткаструвачот со
телескопски стап со десната рака на задната
рачка и левата рака на предната рачка. Ако го
држите поткаструвачот со телескопски стап
обратно со рацете, тоа го зголемува ризикот
од лична повреда и никогаш не треба да се
прави.
Држете го поткаструвачот со телескопски стап
само за изолираните површини за фаќање,
бидејќи ланецот на пилата може да дојде
во контакт со скриените жици. Ланците за
пили кои допираат до „гола" жица може да
ги направат откриените метални делови од
поткаструвачот со телескопски стап „голи" и
може да му предизвикаат електричен шок на
операторот.
Носете заштитна опрема за очите. Се
препорачува дополнителна заштитна опрема
за слухот, главата, рацете, нозете и стапалата.
Соодветната заштитна опрема ќе ја намали
личната повреда од летачки остатоци или
случаен контакт со ланецот на пилата.
Не ракувајте со поткаструвачот со
телескопски стап додека сте качени на дрво,
скала, покрив или на каква било нестабилна
подлога. Ако ракувате на овој начин со
поткаструвачот со телескопски стап тоа
може да доведе до сериозна лична повреда.
Секогаш стојте правилно и ракувајте со
поткаструвачот со телескопски стап само кога
стоите на фиксна, сигурна и рамна површина.
Лизгавите или нестабилните површини може
да предизвикаат губење на рамнотежата
или контролата над поткаструвачот со
телескопски стап.
Кога сечете голема гранка којашто е под
затегнување, внимавајте да не ви се
врати. Кога ќе се ослободи затегнатоста
во дрвените влакна, гранката којашто е
затегната може да се врати и да го
погоди операторот и/или да го исфрли
поткаструвачот со телескопски стап надвор
од контрола.
Бидете многу претпазливи при сечење
грмушки и садници. Тенкиот материјал може
да го фати ланецот на пилата и да се
заплетка кон вас или да ве измести од
рамнотежа.
Носете го поткаструвачот со телескопски
стап за предната рачка така што ќе биде
исклучен и подалеку од вашето тело. Кога го
167
MK

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents