Stiga AM 98 Li 48 V1 Operator's Manual page 528

Riding rotary lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 247
може да предизвикаат тешки телесни
оштетувања.
e) Не претерувајте. Секогаш имајте сигурна
потпора и соодветна рамнотежа. На
тој начин најдобро ќе го контролирате
електричниот апарат во непредвидени
ситуации.
f) Облечете се соодветно. Не носете широки
алишта или накит. Косата, облеката и
ракавиците треба да се држат настрана од
деловите што се движат. Широка облека,
накит или долга коса може да се закачат за
деловите во движење.
g) Доколку се поврзани уреди за вадење и
собирање на прашина, проверете дали
истите се добро наместени. Употребата
на уреди за собирање прашина може да ја
намали опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте поради познавањето на
машината стекнато со честата употреба да
бидете невнимателни и да ги игнорирате
безбедносните принципи за машината.
Невнимателно дејство може да предизвика
сериозни повреди за дел од секундата.
4) Употреба и одржување на уредот
a) Не напрегајте го електричниот алат.
Користете ја правилната машина за
работата. Правилната машина ќе ја заврши
работата побрзо и побезбедно со брзината за
која е дизајнирана.
b) Не користете ја машината ако управувачот
со клуч не е правилно поставен во
позиција за вклучување или исклучување.
Машина што не може да се управува со
управувач со клуч е опасна и мора да се
поправи во сервисен центар.
c) Извадете го клучот за палење пред да
направите какви било приспособувања, да
менувате делови или пред да ја складирате
машината. Овие превентивни безбедносни
мерки го намалуваат ризикот од случајно
вклучување на машината.
d) Чувајте ги електричните алати подалеку од
дофат на деца и не дозволувајте машината
да ја користат луѓе кои не се запознаени со
алатката и со овие упатства. Електричните
алатки се опасни во рацете на необучени
кориснициi.
e) Грижете се за одржување на машината и
додатоците. Проверете дали подвижните
делови се наместени правилно и це
движат слободно, дека не се оштетени и
елиминирајте ја секоја друга можност што
може да повлијае врз функционалноста
на машината. Во случај на оштетувања,
машината треба да се поправи пред
повторна употреба. Многу несреќи се
предизвикани од лошо одржување.
f) Одржувајте го апаратот наострен и
исчистен од остатоци при сечењето.
Адекватно одржување од остатоци при
сечењето, со наострени сечива носи помалку
случаи на заглавување и полесно е за
контролирање.
g) Користете ја машината и дополнителната
опрема согласно дадените упатства, имајќи
ги предвид работните услови и типот на
работа што треба да се изврши. Употребата
на оваа машина за работи што се разликуваат
од превидените може да предизвика опасни
ситуации.
h) Одржувајте ги рачките и сите површини за
фаќање суви, чисти и без траги од масло
и маснотии. Лизгавите рачки и површини за
фаќање не дозволуваат безбедно движење
и контрола на апаратот во непредвидени
ситуации.
5) Употреба иодржување на батерискиот уред
a) Користете само полначи за полнење
на батериите што ги препорачува
производителот. Полнач погоден за еден тип
батерии може да предизвика ризик од пожар,
струен удар, прегревање или истекување
на корозивна течност од батеријата кога се
користи со друг тип батерии.
b) Користете само батерии со спецификации
што се предвидени за вашиот апарат.
Употребата на каква било друга група батерии
може да биде причина за повреди или
инциденти.
c) Не користете оштетена или изменета
батерија или алатка. Оштетените или
модифицираните батерии може да покажат
непредвидливо однесување што резултира со
пожар, експлозија или ризик од повреда.
d) Не изложувајте ги батериите или машината
на оган или прекумерна температура.
Изложеност на оган или на температура над
80 °C може да предизвика експлозија.
e) Следете ги сите упатства за полнење и
не ги полнете батериите или машината
надвор од температурниот опсег наведен
во упатствата. Неправилното полнење или
полнење на температури што се надвор
од наведениот опсег може да ја оштети
батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
f) Не полнете ја батеријата на места со
присуство на пареа, запаливи материи
или премногу влажни простории. Доколку
влажната средина не може да се избегне,
користете електричен приклучок заштитен
со диференцијален прекинувач (RCD-
Residual Current Device), за да се намали
ризикот од електричен удар.
g) Не чувајте го кабелот на полначот за
батерија на дофат на деца.
MK - 4

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3

Table of Contents