Bosch Professional GIC 12V-4-23 C Original Instructions Manual page 311

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 22
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете на копчето за вклучување-
исклучување (6) или средното копче (9).
Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран при вклучувањето, екранот
покажува порака за грешка.
За исклучување на камерата за проверка, одново притиснете го копчето за
вклучување-исклучување (6) додека не се изгаси екранот.
Ако некое време не се притисне копче на камерата за проверка, таа автоматски се
исклучува за заштита на акумулаторската батерија. Времето на исклучување може
да го одредите во главното мени.
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да го регулирате светлото, притиснете го копчето лево (8) одн. копчето
десно (11) додека не ја постигнете саканата осветленост или додека не се исклучи
светлото.
Не погледнувајте директно во светлата (3) и не ги насочувајте истите кон
u
други лица. Светлината на светлата може да ги заслепи очите.
Зголемување/намалување на сликата на екранот (Zoom)
За да го прилагодите нивото на зголемување на екранот, притискајте го копчето
горе (7) одн. копчето долу (10), додека не се достигне саканото ниво на
зголемување.
Главно мени
За да стигнете до <Глав.мени>, притиснете го средното копче (9).
Навигирање во менито
– Прелистување низ менито: притиснете на копчето горе (7) или копчето
долу (10).
– Менување во подменито: притиснете го средното копче (9) или копчето
десно (11).
– Потврдување на избрана опција од менито: притиснете го средното копче (9).
– Вклучување/исклучување на функција со виртуелен прекинувач 
притиснете или на средното копче (9), копчето десно (11) или копчето лево (8).
Притоа и поставката се зачувува.
– Враќање на следното повисоко мени: кратко притиснете го копчето за
вклучување/исклучување (6).
Bosch Power Tools
Македонски | 311
:
1 609 92A 8H6 | (07.03.2023)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents