Bosch Professional GIC 12V-4-23 C Original Instructions Manual page 309

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 22
Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидената камера за
u
проверка на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.
За вметнување на батериите одн. акумулаторските батерии, ставете ја
обвивката (20) на батерискиот адаптер во отворот (19). Ставете ги батериите одн.
акумулаторските батерии според сликата, на капачето за затворање (22) во
обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се вклопи
правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка.
За вадење на батериите одн. акумулаторските батерии, притиснете на копчињата за
отклучување (21) на капачето за затворање (22) и повлечете го. Извлечете ја
ставената обвивка (20) од отворот (19).
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
Извадете ги батериите одн. акумулаторските батерии од камерата за
u
проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време
складирани во камерата за проверка, батериите одн. акумулаторските батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Работење со батерија (види слика B)
Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци.
u
Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашата
камера за проверка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани
меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За ставање на наполнетата акумулаторска батерија (14) ставете ја во отворот (19),
додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за
проверка.
За вадење на батеријата (14) притиснете на копчињата за отклучување (21) и
извлечете ја акумулаторска батерија од отворот (19). Притоа не употребувајте
сила.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте
батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и
мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Bosch Power Tools
Македонски | 309
1 609 92A 8H6 | (07.03.2023)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents