CYBEX SOLUTION B3 I-FIX User Manual page 96

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 7
Ако линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) претставува
��
пречка за вратата на возилото или ако влијае врз просторот на
патничкото седиште, можете да ја отстраните. Продолжете со следните
чекори: извлечете ја навлаката на седиштето на автомобил од
страните на потпирачот за грб. Притиснете ги куките што ја фиксираат
линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) со седиштето на
автомобилот и повлечете ја линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.) од отворот. За да ја вратите линеарната странична заштита
од удари (L.S.P.) на седиштето на автомобил, прицврстете ја на
означената област на страните на седиштето на автомобил и туркајте
ја сè додека не се прицврсти во лежиштето.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ОД ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) на двете страни
туркајќи ги копчињата за (k) и истовремено влечејќи ги наназад.
2. Извлечете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX (m).
3. Отстранете го детското седиште и складирајте го ISOFIX по спротивен
редослед на чекорите за монтирање.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (c) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на висината на наслонот за глава (d) што се наоѓа во
задниот дел на наслонот за глава (c). Приспособете го наслонот за глава
(c) така што максималното растојание меѓу рамениците на детето и
наслонот за глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста) (c).
Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека
��
седиштето се монтира во автомобилот.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
MK
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во зелените водилки на скутен каиш (f) на
детското седиште.
94
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (f).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо (g) сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска на
детето и не го допира неговиот врат. Ако е потребно, приспособете
ја висината на наслонот за глава (c) за да ја измените позицијата на
каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од 3 дела (наслон за глава,
наслон за грб и перниче). Тие се прицврстени заедно на неколку места со
дрикер-копче. Штом ќе ги откопчате сите дрикер-копчиња, ќе може да ги
отстраните поединечните делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги
упатствата за отстранување по обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма
��
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење
на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга
облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна
сончева светлина!

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents