Опис На Производот - Stiga T 92 Series Quick Manual For Use

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 114
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Оваа косилка е тревокосачка со седнат оператор.
Косилката се состои од мотор што ги управува сечилата
заштитени во куќиштето, како и единицата за пренос
што ја придвижува косилката.
Косилката има погон на задни тркала.
Операторот е во позиција да управува со косилката,
и да ги вклучува главните команди во седечка состојба.
Безбедносните уреди инсталирани на косилката ќе го
запрат работењето на моторот и на сечилата за неколку
секунди ако дејствијата на операторот не се во согласност
со бараните безбедносни услови (пас. 5.2).
Соодветна и погрешна употреба
Оваа косилка е дизајнирана и произведена за сечење
трева во градини и тревни површини.
Секоја друга употреба може да биде опасна и да
предизвика штета на лица и/или имот.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но
не се ограничува на следното):
• транспорт на други лица, деца или животни на
косилката;
• употреба на косилката за влечење или откачување
на товар, без соодветната дополнителна опрема
наменета за влечење;
• Вклучување на сечилата врз површини без трева;
• Употреба на косилката за собирање на лисја или
остатоци;
• користење на косилката за минување преку
нестабилна, лизгава, замрзната, камена или нерамна
површина, вирови или мочуришта.
ВАЖНО Неправилното користење на машината ја
поништува гаранцијата и го ослободува Производителот
од секаква одговорност, и целата одговорност за штета
или повреда на корисникот или трети лица, ја сноси
корисникот.
ВАЖНО Косилката мора да ја користи само еден
корисник.
ВАЖНО Косилката не е наменета за движење на
јавни патишта. Мора да се користи (согласно Законот за
патишта) само на приватни површини, каде нема сообраќај.
2.1. ДЕЛОВИ НА КОСИЛКАТА (СЛ. 1)
A. Мотор
B. Склоп на сечилата
C. Сечила
D. Обезбедувач за задно исфрлање (достапен на
барање)
E. канал за странично исфрлање
F. Корпа за трева
G. Канал за исфрлање
H. Седиште за управување
I. Управувач
J. Преден браник
K. Акумулатор
2.2. ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (СЛ. 2)
ВНИМАНИЕ
Пред употреба прочитајте
ги упатствата.
ВНИМАНИЕ
Извадете го клучот, и прочитајте
ги упатствата пред одржување
или поправка.
max xxx N (xx kg)
ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи ознаки мора да
се заменат. Нарачајте резервни налепници од овластен
сервисен центар.
3. МОНТАЖА
ВАЖНО Распакувањето и монтажата треба да се
извршат на рамна и стабилна површина со доволно
простор за поместување на косилката со користење на
соодветни алати.
3.1. РАСПАКУВАЊЕ
1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги
изгубите деловите
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се
наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се
монтирани.
4. Извадете ја косилката од пакувањето следејќи ги
следните мерки:
- придвижете го склопот на сечилата до неговата
максимална висина (пас. 4) за да избегнете
оштетување во моментот кога ќе ја спуштите
косилката од платформата на земја
MK - 3
ОПАСНОСТ! ИСФРЛАЊЕ
ПРЕДМЕТИ
Не ракувајте доколку не се
инсталирани обезбедувачот за
задно исфрлање, или корпата за
трева. (само за модели со систем
за задно собирање).
РИЗИК ОД ПРЕВРТУВАЊЕ НА
КОСИЛКАТА
Не употребувајте ја косилката на
стрмнина поголема од 10°
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛЕНИ
ПРЕДМЕТИ
Уверете се дека другите лица се
на безбедно растојание.
ОПАСНОСТ ОД ДРОБЕЊЕ
Уверете се дека децата се на
безбедно растојание од косилката
додека моторот работи.
При употреба на сетот за
влечење, не го надминувајте
ограничувањето на
оптоварувањето наведено на
етикетата, и почитувајте ги
позитивните регулативи за
безбедност.
ВНИМАНИЕ
Чувајте ја косилката подалеку од
топли површини.
ОПАСНОСТ ОД ИСЕКОТИНИ
Сечила во функција. Не ставајте
ги рацете или нозете во куќиштето
на сечилото.
Не се качувајте врз косилката
со газење на заштитните плочи
на склопот на сечилото.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents