Редовно Одржување; Општо; Батерија - Stiga CR 430 Li 80 Series Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for CR 430 Li 80 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 139
3.
Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.3).
4.
Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
5.
Исчистете ја машината (пасус 7.3).
6.
Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте со овластен сервисер.
ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч
секојпат кога ја оставате машината без надзор.
7.
РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1
ОПШТО
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
Пред да извршите каква било контрола,
чистење или интервенција за одржување/
регулација на машината:
• Застанете ја машината.
• Извадете го безбедносниот клуч (никогаш не
оставајте го клучот вметнат или на дофат на деца
или на лица коишто не се соодветни за употреба).
• Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
– Зачестеноста и висот на интервенција се
дадени во „Табелата за одржување". Табелата
го прикажува опсегот што ќе ви помогне при
одржување на ефикасноста и безбедноста
на машината. Во неа се прикажани главните
интервенции и предвидените интервали
за секоја од ставките. Извршете ја
соодветната постапка пред првата појава.
– Употребата на резервни делови и дополнителна
опрема коишто не се оригинални и/или не
се правилно поставени, може да доведе до
несакани ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот ја отфрла сета
одговорност во случај на штети, инциденти или
повреди предизвикани од такви производи.
– Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација
коишто несе опишани во ова упатство треба да се
извршат кај застапникот или во овластен сервис.
7.2
БАТЕРИЈА
7.2.1
Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (што значи
обработена површина тревник пред повторно
полнење) вообичаено е условена со:
a.
Факторите во средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– Косење на густа, висока, влажна трева.
b.
Количината на косење, колку е
поголема количината, толку е поголемо
трошењето на батеријата.
c.
Однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– Често палење и гаснење во текот на работата.
– Премногу ниска поставеност на висината
на косење во однос на тревата.
– Премногу голема брзина на движење во
однос на тревата што треба да се покоси.
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата,
батеријата е заштитена од комплетно празнење
преку заштитниот уред кој што ја исклучува
машината и ја блокира работата.
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
– Да се коси тревата кога тревникот е сув.
– Да се коси тревата често за да не
достигне преголема висина.
– Да се постави најдобрата висина за косење
кога тревата е многу висока и да се спроведе
уште едно косење на нископоставена висина.
– Да не се користи машината со функцијата
„сечкање" кога тревата е многу висока.
– Употреба на функцијата „Еко" (пасус 5.3.4).
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
– Да набавите втора стандардна батерија за да
ја замените веднаш потрошената батерија
без да треба да ја прекинувате работата.
– Да набавите батерија со поголема автономија во
однос на стандардната батерија (пасус 15.2).
7.2.2
Сијалички за сигнализирање на
намалување на автономијата на
батеријата (ако се предвидени)
Кај моторот има сијалички за сигнализација кои во
текот на работата се палат и светат кога нивото на
наполнетост на батеријата е многу ниско (сл.26.0).
Има два прага за палење:
MK - 11

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cs 430 li 80 series

Table of Contents