Вонредно Одржување; Уред Со Сечивото; Одлагање; Одложување На Машината - Stiga CR 430 Li 80 Series Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for CR 430 Li 80 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 139
ВАЖНО Не користете бензин, детергент
или друго за чистење на филтерот.
5.
Исчистете го однадвор местото за филтерот
од нечистотии, остатоци и ѓубре.
6.
Поставете го елементот со филтерот (сл.33.A)
на место (уверете се дека е добро исушен).
7.
Ставете ја решетката (сл.32.A) и
затегнете го шрафот (сл.32.B).
7.6
РЕГУЛАЦИЈА НА ПОГОНОТ
(САМО КАЈ СЕРИЈАТА CR/CS СО
РАКОФАТ ОД ТИПОТ „I")
Правилната затегнатост на ремените се
постигнува со навртката (сл.34.A), сè додека
не се постигне посочената мерка (6 мм).
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да извршите каква било контрола,
чистење или интервенција за одржување/
регулација на машината:
• Застанете ја машината.
• Извадете го безбедносниот клуч (никогаш не
оставајте го клучот вметнат или на дофат на деца
или на лица коишто не се соодветни за употреба).
• Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
8.1
УРЕД СО СЕЧИВОТО
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја
кине тревата така што тревникот пожолтува.
Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте
го извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е
застанат докрај.
Сите операции што се поврзани со уредот
со сечивото (вадење, острење, изедначување,
поправка, повторно ставање и/или замена) се
одговорни работи и изискуваат специфична
компетентност покрај соодветни алати. Од
безбедносни причини, истите треба секогаш да ги
извршува специјализиран сервисен центар.
Заменувајте го секогаш уредот со сечивото
ако е оштетен, изабен или истрошен, заедно
со соодветните шрафови за да ја одржите
рамнотежата.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални
уреди со сечива, дадени со код во
табелата „Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со
сечивото наведени во табелата „Технички
податоци" треба со време да се заменат
со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
9.
ОДЛАГАЊЕ
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Оставете го моторот да се излади.
2.
Извадете го безбедносниот клуч.
3.
Исчистете ја машината (пасус 7.3).
4.
Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте со овластен сервисер.
5.
Одложете ја машината:
• Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови.
• По можност покриена со прекривка.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите
и опремата што ја користевте при
одржувањето.
9.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна
сончева светлина, на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг
период, полнете ја батеријата секои два месеца
за да ѝ се продолжи рокот на употреба.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
– Застанете ја машината (пасус 6.5).
– Извадете го безбедносниот клуч.
– Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
– Носете заштитни ракавици.
– Фатете ја машината на места кои нудат
сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината
тежина и распределба на истата.
– Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност
со тежината на машината и карактеристиките
на средството за транспорт или за местото
на кое треба да се донесе или земе истата.
– Проверете дали кога работи машината,
нема знаци на оштетувања или дефекти.
Кога ја носите машината со возило или на приколка:
– Користете пречки за отпор со
соодветна должина и ширина.
– Носете ја машината со изгаснат
мотор без можност да се вклучи,
ангажирајќи соодветен број лица.
– Спуштете ја плочата со уредот со сечивото.
MK - 13

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cs 430 li 80 series

Table of Contents