Заштита На Животната Средина И Исфрлање Во Отпад; Напомени За Заштита На Податоците - Bosch Climate Class 6000i Installer's Manual

Hide thumbs Also See for Climate Class 6000i:
Table of Contents

Advertisement

Заштита на животната средина и исфрлање во отпад
6
Заштита на животната средина и исфрлање во
отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на
групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на животната
средина се од еднаква важност за нас. Строго се придржуваме до
законите и прописите за заштитата на животната средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата можна
технологија и материјали, земајќи ги предвид економските аспекти.
Пакување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, вклучени сме во
националните системи за рециклирање со цел да се загарантира
оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на
животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се
пренаменат.
Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена.
Така можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите
различните компоненти.
Електрични и електронски стари уреди
Овој симбол значи дека производот не смее да се исфрла
во отпад со обичниот отпад од домаќинството, туку мора
да се однесе во соодветен центар за рециклажа каде што
ќе се истретира, рециклира и исфрли.
Симболот важи за земјите со прописи за електронски
отпаден материјал, на пример, европската регулатива 2012/19/EG
за електронски и електрични стари уреди. Таквите прописи ги
дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и
рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во
поединечните земји.
Со оглед дека електронските уреди содржат опасни супстанци,
мора да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по
животната околина и човековото здравје. Освен тоа,
рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се
зачуваат производните ресурси.
За повеќе информации околу еколошкиот начин на исфрлање на
електрични и електронски стари уреди, обратете се кај локалните
надлежни власти, во комуналното претпријатие или таму каде што
сте го купиле производот.
Повеќе информации ќе пронајдете овде:
www.weee.bosch-thermotechnology.com/
Батерии
Батериите не смее да се исфрлаат со отпадот од домаќинството.
Употребените батерии мора да се однесат во локален центар за
собирање таков отпад.
Разладно средство R32
Уредот содржи флуориран гас со ефект на стаклена
градина R32 (потенцијал на глобално затоплување од
1)
675
) со слаба запаливост и ниска токсичност
(A2L или A2).
Содржената количина е наведена на фабричката
табличка на надворешниот уред.
Разладните средства се опасност за животната средина и мора да се
соберат и исфрлат на посебен начин.
1) поради Прилог 1 од Директивата (ЕУ) бр. 517/2014 на Европскиот
парламент и на советот од 16. април 2014 година.
90
7
Напомени за заштита на податоците
За да се овозможи далечинско надгледување и далечинско
управување на систем за греење/вентилација Bosch со помош на
овој производ, потребна е интернет врска. По поврзувањето со
интернетот, овој производ автоматски се поврзува со сервер на
Bosch. Притоа, податоците за врската, особено IP-адресата,
автоматски се пренесуваат и обработуваат од страна на Bosch
Thermotechnik. Обработката може да се постави со ресетирање на
производот на фабрички поставки. Дополнителни информации за
обработката на податоци ќе пронајдете во следните напомени за
заштита на податоците и на интернет.
Climate Class 6000i/8000i – 6721831489 (2021/02)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Climate class 8000iClc6001i-set 25 heClc6001i-set 35 heClc8001i-set 25 he tClc8001i-set 25 he sClc8001i-set 25 he r ... Show all

Table of Contents