Опционален Прибор - Makita 5604R Instruction Manual

Hide thumbs Also See for 5604R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Поврзување вакуумска смукалка
► Сл.8: 1. Вакуумски чистач
Кога сакате да извршите чисто сечење, на вашиот
алат повзете вакуумска смукалка Makita. Монтирајте
ја спојката на алатот со помош на завртките. Потоа,
поврзете го цревото на вакуумската смукалка на
спојката како што е прикажано на сликата.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да го движите алатот напред во
права линија и нежно. Прекумерната сила
или искривувањето на алатот ќе резултира со
прегревање на моторот, и опасен повратен удар
што би можело да доведе до тешки повреди.
Секогаш користете ги предната дршка и задната дршка
и цврсто држете го алатот за предната дршка и задната
дршка за време на работењето. Алатот има предна
дршка и задна дршка. Користете ги обете за добро да го
фатите алатот. Ако пилата се држи со двете раце, тие
не може да бидат пресечени од сечилото. Поставете ја
основата врз работниот материјал што ќе го сечете, со
тоа што сечилото не смее да го допира. Потоа вклучете
го алатот и почекајте додека сечилото не достигне
полна брзина. Сега, едноставно придвижете го алатот
нанапред долж површината на работниот материјал
што се сече при тоа одржувајќи го праволиниски и
напредувајќи бавно додека сечењето не заврши.
За добивања чисти пресечени парчиња, држете ја
линијата на сечење права и брзината на напредување
рамномерна. Ако сечењето не ја следи вашата
планирана линија на сечење, не обидувајте се да
го присилите алатот назад на оригиналната линија.
На тој начин може да дојде до лепење на сечилото
и да се предизвика опасен повратен удар и можна
тешка повреда. Отпуштете го прекинувачот, почекајте
сечилото да запре и потоа повлечете го алатот.
Одново порамнете го алатот на нова линија на сечење
и повторно започнете со сечење. Обидувајте се да
избегнувате положби кои го изложуваат операторот
на распрскувачки отпадоци од сечењето. Користете
заштита за очите за да спречите повреда.
► Сл.9
ВНИМАНИЕ:
Разделниот нож треба секогаш да се користи
освен кога се користи во средиштето на
работниот материјал.
Надолжен потпирач (водилна
шина)
► Сл.10: 1. Надолжен потпирач (водилна шина)
Практичниот надолжен потпирач (водилна
шина) овозможува да се сече право со посебна
предизност. Едноставно притиснете го потпирачот
од страната на материјалот и прицврстете го во таа
положба со завртката за стегање од предниот дел
на основата. Тоа овозможува и изведување прави
засеци со еднообразна ширина повеќе пати.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Замена на јагленските четкички
► Сл.11: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јагленските
четкички. Заменете ги кога ќе се истрошат до
граничната ознака. Одржувајте ги четкичките
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете јагленски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични јагленски
четкички.
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките
со одвртка. Извадете ги истрошените јагленски
честички, ставете ги новите и стегнете ги
капачињата на држачите.
► Сл.12: 1. Капаче на држач на четкичка
2. Одвртка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Сечила
Надолжен потпирач (водилна шина)
Имбус клуч
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
37 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents