Makita 5604R Instruction Manual page 35

Hide thumbs Also See for 5604R:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
26. За да работи разделниот нож, мора да
биде во допир со работниот материјал.
Разделниот нож е неефикасен во спречувањето
повратни удари при кратки засеци.
27. Не ракувајте со пилата доколку разделниот
нож е превиткан. Дури и мали пречки може
да ја намалат брзината на затварање на
заштитникот.
Дополнителни безбедносни предупредувања
28. Особено бидете внимателни кога
сечете влажно дрво, дрвени материјали
обработувани под притисок, или дрва со
глуждови. Одржувајте лесно напредување
со алатот без намалување на брзината на
сечилото за да избегнете презагревање на
врвовите на сечилото.
29. Не обидувајте се да го отстраните
пресечениот материјал додека сечилото е
во движење. Почекајте сечилото да запре
пред да преминете кон отстранување на
пресечениот материјал.По исклучувањето,
сечилото полека забавува додека не застане.
30. Избегнувајте сечење шајки. Проверете
и извадете ги сите шајки од дрвените
елементи пред сечењето.
31. Поставете го поширокиот дел на основата
на пилата врз оној дел на работниот
материјал кој е стабилно прицврстен, а
не врз делот кој ќе отпадне откако ќе се
изврши сечењето. Како примери, Слика
1 го прикажува ПРАВИЛНИОТ начин на
сечење на крајниот дел од табла, а Слика 2
го прикажува ПОГРЕШНИОТ. Ако работниот
материјал е краток или мал, прицврстете
го со стега. НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА ГИ
ДРЖИТЕ КРАТКИТЕ ПАРЧИЊА СО РАКА!
Fig. 1
Fig. 2
32. Пред да го спуштите алатот по
завршувањето на сечењето, осигурете
се дека долниот заштитник се затворил и
сечилото целосно запрело.
33. Никогаш не обидувајте се да сечете со
циркуларната пила превртена наопаку
прицврстена со менгеме. Тоа е многу опасно
и може да доведе до сериозни несреќи.
34. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
35. Не сопирајте ги сечилата со латерален
притисок врз сечилото на пилата.
36. Секогаш користете сечила препорачани во
ова упатство. Немојте да користите никакви
абразивни тркала.
37. Чувајте го сечилото остро и чисто.
Наслагите и дрвените отпадоци кои остануваат
залепени на сечилото, ја забавуваат пилата и
го зголемуваат потенцијалот за повратен удар.
Одржувајте го сечилото чисто прво вадејќи го
од алатот, потоа чистејќи го со отстранувач
на наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
немојте да користите бензин.
38. При користење на алатот, носете заштитна
маска за прашина и заштита за слухот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
35 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents