Makita DUR369A Instruction Manual page 85

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR369A:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Безбедност на електричните
делови и батеријата
1.
Не изложувајте го алатот на дожд или
влажни услови. Ако навлезе вода во алатот,
тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
2.
Не користете го алатот ако прекинувачот не
може да се вклучи и исклучи. Секој алат што
не може да се контролира со прекинувачот е
опасен и мора да се поправи.
3.
Спречете ненамерно стартување. Уверете
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред ставање батерија, подигање
или носење на алатот. Носењето на алатот
со прстот на прекинувачот или со вклучен
прекинувач е причина за несреќи.
4.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите.
5.
Електролитот што се ослободува е корозивен и
може да предизвика оштетување на очите или
кожата. Може да е токсичен ако се голтне.
6.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
влажни места.
Стартување
1.
Пред да го склопите или приспособите
алатот, извадете ја касетата за батерија.
2.
Пред да ракувате со сечилото, ставете
заштитни ракавици.
3.
Пред да ја ставите касетата за батерија,
проверете дали на алатот има оштетувања,
лабави шрафови/навртки или неправилно
склопување. Ако сечилото е истапено, наострете
го. Ако сечилото е свиткано или оштетено,
заменете го. Проверете дали сите контролни
лостови и прекинувачи функционираат
исправно. Исчистете ги и исушете ги рачките.
4.
Никогаш не обидувајте се да го вклучите алатот
ако е оштетен или ако не е целосно склопен. Во
спротивно, може да настане тешка повреда.
Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
5.
рака да одговараат на големината на телото
на операторот.
6.
Кога вметнувате касета за батерија, држете
го додатокот за сечење подалеку од вашето
тело и другите предмети, вклучувајќи ја
земјата. Може да започне да врти кога ќе се
стартува и може да предизвика повреда или
оштетување на алатот и/или имотот.
7.
Извадете ги клучот за нагодување, другите
клучеви и капакот на сечилото пред да го
вклучите алатот. Додатокот оставен прикачен
на подвижен дел од алатот може да доведе до
телесна повреда.
8.
Алатот за сечење мора секогаш да биде
опремен со штитник. Никогаш не работете
со алатот со оштетени штитници или без
поставени штитници!
9.
Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
Работење
1.
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
2.
Ако чувствувате каква било необична
состојба (на пример бучава, вибрации) при
работата, исклучете го алатот и извадете
ја касетата за батеријата. Не користете го
алатот додека не се открие причината и
разреши дефектот.
3.
Додатокот за сечење продолжува да врти
кратко време откако алатот ќе се исклучи.
Не брзајте да го допрете додатокот за
сечење.
4.
При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
5.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте добра
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време. Внимавајте на скриени пречки, како
на пример трупци, корења и дупки, за да
избегнете сопнување.
6.
Секогаш внимавајте како газите по стрмни
падини.
7.
Одете, никогаш не трчајте.
8.
Никогаш не работете качени на скала или на
дрво за да избегнете губење на контролата.
9.
Ако алатот се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја неговата состојба пред
да продолжите со работа. Проверете
дали контролите и безбедносните уреди
функционираат исправно. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од наш
овластен сервисен центар.
10. Не допирајте го куќиштето на преносниот
систем за време на и веднаш после
работењето. Куќиштето на преносниот систем
се вжештува при работењето и може да
предизвика изгореници.
11.
Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор. Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
секој час.
12. Кога го оставате алатот, дури и за кратко
време, секогаш вадете ја касетата за
батерија. Ако алатот се остави без ваше
присуство со монтирана касета за батерија,
може да биде употребен од неовластено лице
и да предизвика тешка несреќа.
13. Ако помеѓу додатокот за сечење и
штитникот се зафати трева или гранки,
секогаш исклучувајте го алатот и вадете ја
касетата за батерија пред да го исчистите.
Во спротивно, додатокот за сечење може
ненамерно да започне да врти и да предизвика
тешка повреда.
14. Никогаш не допирајте ги опасните делови
што се движат пред целосно да запрат и
касетата за батерија се извади.
15. Ако додатокот за сечење удри во камења
или други тврди предмети, веднаш
исклучете го алатот. Потоа, извадете
ја касетата за батерија и проверете го
додатокот за сечење.
85 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur369lDur369azDur369lz

Table of Contents