Опис На Функциите - Makita SP001G Instruction Manual

Cordless plunge cut saw
Hide thumbs Also See for SP001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
► Сл.7: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја од алатот
додека го лизгате копчето на предната страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете го
јазичето на касетата за батерија со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Вметнете ја докрај додека не се
блокира во место при што ќе се слушне звук. Ако можете
да го видите црвениот индикатор како што е прикажано
на сликата, не е целосно блокирана во место.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/батеријата.
Овој систем автоматски го прекинува напојувањето на моторот
за да го продолжи работниот век на алатот и на батеријата.
Алатот автоматски ќе се исклучи за време на работењето ако
тој или батеријата се најдат под еден од следниве услови. Во
некои услови, индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока струја,
алатот автоматски се исклучува. Во оваа ситуација,
исклучете го алатот и прекинете ја апликацијата која
предизвикала преоптоварување на алатот. Потоа,
вклучете го алатот за да го рестартирате.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во оваа ситуација, оставете го
алатот да се излади пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско ниво,
алатот автоматски се исклучува. Ако производот не
работи дури ни кога прекинувачите ќе се вклучат или
исклучат, извадете ги батериите од алатот и наполнете ги.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
► Сл.8: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
длабочината на сечење, секогаш стегајте го
стезниот шраф.
Олабавете го стезниот шраф на граничникот за
длабочина и поместете го стопирачот на долниот
граничник на сечилото до посакуваната длабочина
на скалата. На посакуваната длабочина на
сечењето, цврсто затегнете го стезниот шраф.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
длабочината на сечење, така што нема да стрчи
повеќе од еден заб од сечилото под работниот
материјал. Користењето соодветна длабочина на
сечење помага во намалувањето на потенцијалот
за опасни ПОВРАТНИ УДАРИ коишто можат да
предизвикаат телесна повреда.
► Сл.9: 1. Стопирач на долниот граничник на
ножот 2. Стезен шраф
79 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
неисправна.
Откако ќе ја нагодите
можеби е

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents