Опис На Функциите - Makita 5008MG Instruction Manual

Hide thumbs Also See for 5008MG:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
► Сл.6
7.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
8.
Не сопирајте ги сечилата со латерален
притисок врз сечилото на пилата.
Не користете никакви абразивни тркала.
9.
10. Користете само сечило на пила со
дијаметар што е означен на алатот или
назначен во прирачникот. Употребата на
сечило со неправилни димензии може да
влијае врз правилната заштита или работењето
на сечилото или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
11.
Чувајте го сечилото остро и чисто.
Наслагите и дрвените отпадоци кои остануваат
залепени на сечилото, ја забавуваат пилата и
го зголемуваат потенцијалот за повратен удар.
Одржувајте го сечилото чисто прво вадејќи го
од алатот, потоа чистејќи го со отстранувач
на наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
немојте да користите бензин.
12. При користење на алатот, носете заштитна
маска за прашина и заштита за слухот.
13. Секогаш користете нож за пила што е
наменет за материјалот што ќе го сечете.
14. Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
15. (Само за европските држави)
Секогаш користете го сечилото што е во
согласност со EN847-1.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
39 МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на алатот
проверете дали е исклучен и откачен од струја.
Прилагодување на длабочината
на сечењето
► Сл.7: 1. Водилка за длабочина 2. Рачка
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја дотерате длабочината за
сечење, секогаш затегнете ја рачката.
Отпуштете ја рачката на граничникот за длабочина
и помесетете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на рачката.
За почисто и побезбедно сечење, поставете ја
дебелината на сечење такашто под работниот
материјал да стрчи не повеќе од еден заб од
сечилото. Користењето соодветна дебелина на
сечење помага во намалувањето на потенцијалот
за опасни ПОВРАТНИ УДАРИ кои можат да
предизвикаат телесна повреда.
Косо сечење
► Сл.8: 1. Рачка 2. Позитивен запирач 3. Стрелка
на позитивниот запирач
Позитивен запирач
Свртете го позитивниот запирач така што стрелката
на него да покажува на една од трите позиции
(22,5°,45°,50°). Потоа, навалувајте ја основата на
алатот додека не застане и прицврстете ја основата
со рачката. Во овој момент, се добива истиот агол со
оној на кој покажува стрелката.
Прилагодување на аголот на
сечење
Олабавете ја рачката и поставете ја основата на
алатот под агол на сечење од 0°, потоа цврсто
стегнете ја рачката.
Свртете го позитивниот запирач така што стрелката на
него да покажува на една од трите позиции (22,5°,45°,50°)
што е еднаков или поголем од саканиот агол на сечење.
Повторно олабавете ја рачката и потоа навалете
ја и сигурно прицврстете ја основата на алатот на
саканиот агол.
НАПОМЕНА:
Кога ја менувате позицијата на позитивниот
запирач, олабавувањето на рачката и
навалувањето на аголот на сечење на
понизок број на позиција на запирачот од
саканиот дозволува негова промена.
Кога стрелката на позитивниот запирач покажува
22,5, аголот на сечење може да се прилагоди од
0 - 22,5°; кога стрелката покажува 45, може да се
прилагоди од 0 - 45°; кога стрелката покажува 50,
може да се прилагоди од 0 - 50°.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

5008mga

Table of Contents