Опис На Функциите - Makita LS1219 Instruction Manual

Slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS1219:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МЕСТЕЊЕ
Монтирање на дршката
Завртете ја навојната оска на дршката во вртливата
основа.
► Сл.4: 1. Дршка 2. Вртлива основа
Инсталирање на цревото за
отстранување прав
Поврзете го цревото за отстранување прав на
алатот како што е прикажано на сликата.
Осигурете се дека зглобот и кошулката соодветно се
вклопуваат на отворите на алатот.
► Сл.5: 1. Црево за отстранување прав 2. Зглоб
3. Кошулка 4. Отвор
Монтирање на работна маса
Кога алатот се испорачува од фабриката, рачката
е блокирана во спуштена положба со помош на
осигурувачот за стопирање. Додека полека ја
спуштате рачката, повлечете го осигурувачот за
стопирање и ротирајте го за 90°.
► Сл.6: 1. Блокирана положба 2. Неблокирана
положба 3. Осигурувач за стопирање
Овој алат треба да се прицврсти со четири завртки
на рамна и стабилна површина користејќи ги двете
дупчиња што се наоѓаат во основата на алатот.
Тоа ќе помогне да се спречи превртување и можна
повреда.
► Сл.7: 1. Завртка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
алатот на површината на која е поставен
за да не може да се движи. Движењето на
аголната пила на површината на која е поставена
при сечењето може да резултира со загуба на
контролата и сериозна телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
нагодување или проверка на алатот, проверете
дали е исклучен и откачен од струја. Ако не
се исклучи и откачи од напојување, може да
дојде до тешки телесни повреди заради случајно
вклучување.
Штитник на ножот
► Сл.8: 1. Штитник на ножот
Кога ја спуштате рачката, штитникот на ножот
автоматски се подигнува. Штитникот е затегнат со
пружина за да се враќа во почетната положба кога
ќе заврши сечењето и ќе се подигне рачката.
Обезбедете го
Пред секое
106 МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги оневозможувате или вадите штитникот за
сечило или пружината прикачена на штитникот.
Изложеното сечило како резултат на оневозможен
штитник може да резултира со тешка телесна
повреда за време на работата.
Во интерес на вашата лична безбедност, секогаш
одржувајте го штитникот на ножот во добра состојба.
Секое неправилно функционирање на штитникот
на ножот мора веднаш да се поправи. Проверете
за да се уверите дали функционира пружината за
повратно дејство на штитникот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
користете го алатот ако штитникот за ножот
и пружината се оштетени, неисправни или
отстранети. Ако работите со алатот со оштетен,
неисправен или отстранет штитник, може да дојде
до тешка телесна повреда.
Ако проѕирниот штитник на ножот се извалка или на
него се залепи прав на таков начин што ножот и/или
работниот материјал не е веќе видлив, исклучете
ја пилата од напојувањето и внимателно исчистете
го штитникот со влажна крпа. Не користете
растворувачи или какви било средства за чистење
на база на бензин врз пластичниот штитник бидејќи
тоа може да предизвика оштетување на штитникот.
Ако штитникот на сечилото е особено нечист и
видливоста низ него е намалена, исклучете го
алатот од напојувањето и олабавете ја шестаголната
завртка што го држи централниот капак со
испорачаниот клуч. Олабавете ја шестаголната
завртка вртејќи ја налево и подигнете ги штитникот
на ножот и средишниот капак. Со штитникот на
ножот поставен на таков начин, чистењето може
да се изврши целосно и поефикасно. Кога ќе
завршите со чистењето, повторете ја постапката по
обратен редослед и прицврстете ја завртката. Не
отстранувајте ја пружината што го држи штитникот
на ножот. Ако штитникот ја промени својата боја
со текот на времето или поради изложеност на
ултравиолетова светлина, стапете во контакт со
сервисен центар на Makita за да набавите нов
штитник. НЕМОЈТЕ ДА ГО БЛОКИРАТЕ ИЛИ
ВАДИТЕ ШТИТНИКОТ.
► Сл.9: 1. Средишен капак 2. Имбус-клуч
3. Штитник на ножот
Табли со засеци
Овој алат доаѓа со вградени табли со засеци во
вртливата основа за сведување на минимум на
абењето на излезната страна од засекот. Основите
со засеци се фабрички нагодени, така што ножот
на пилата не е во допир со таблите со засеци.
Пред употребата, нагодете ги таблите со засеци на
следниот начин:
► Сл.10: 1. Табла со засеци
► Сл.11: 1. Лево закосено сечење 2. Праволиниско
сечење 3. Десно закосено сечење 4. Нож
за пила 5. Запци на ножот 6. Табла со
засеци
Никогаш немојте да
Никогаш не

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ls1219l

Table of Contents