Makita SP001G Instruction Manual page 87

Cordless plunge cut saw
Hide thumbs Also See for SP001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Состојба на аномалии
Вакуумската правосмукалка не
работи заедно со менувањето на
работата на алатот.
Вакуумската правосмукалка
работи додека е не повлечен
прекинувачот за стартување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Исчистете го штитникот за
да се осигурите дека нема насобран прав што
може да го наруши работењето на заштитниот
систем. Ако заштитниот систем е нечист, тоа
може да го ограничи правилното работење, што
може да резултира со тешка телесна повреда.
Најефикасниот начин да се изврши ова чистење
е со употреба на компримиран воздух. Ако
правот се издувува преку штитникот, носете
соодветна заштита за очи и дишење.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Можна причина (дефект)
Безжичниот уред не е инсталиран
во алатот.
Безжичниот уред е неправилно
инсталиран во алатот.
Терминалот на безжичниот уред и/
или отворот се валкани.
Копчето за активирање на
безжичниот уред на алатот не е
притиснато.
Прекинувачот за режим на подготвеност
на вакуумската правосмукалка не е
поставен на „AUTO".
Повеќе од 10 алати се регистрирани
на вакуумската правосмукалка.
Вакуумската правосмукалка ги
избриша сите регистрации на алатот.
Нема напојување
Алатот и вакуумската правосмукалка
се оддалечени еден од друг (надвор
од опсегот за пренос).
Радиопречки од други уреди што
создаваат радиобранови со висок
интензитет.
Други корисници го користат активирањето
на безжичниот уред на вакуумската
правосмукалка со нивните алати.
87 МАКЕДОНСКИ
Поправка
Инсталирајте го безжичниот уред правилно.
Нежно избришете ги нечистотијата и правот од
безжичниот уред и исчистете го отворот.
Притиснете го кратко копчето за активирање на
безжичниот уред и осигурете се дека ламбичката
за активирање на безжичниот уред трепка сино.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на вакуумската правосмукалка на
„AUTO".
Повторно извршете ја регистрацијата на алатот.
Ако повеќе од 10 алати се регистрирани на
вакуумската правосмукалка, алатот што е
регистриран најрано ќе биде откажан автоматски.
Повторно извршете ја регистрацијата на алатот.
Напојувајте ги алатот и вакуумската правосмукалка.
Приближете ги алатот и вакуумската
правосмукалка еден до друг. Максималната
далечина на преносот е околу 10 м, сепак може
да се разликува зависно од околностите.
Држете ги алатот и вакуумската правосмукалка
подалеку од уредите како Wi-Fi-уреди и
микробранови печки.
Исклучете го копчето за активирање на
безжичниот уред на другите алати или откажете
ја регистрацијата на алатот на другите алати.
Нагодување на прецизност на
засек од 0° и 45°
ЗАБЕЛЕШКА:
Не активирајте ги лостовите
за агол за надолжно косо сечење од -1° кога се
нагодува прецизност на засек од 0°.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не активирајте го лостот за
агол за надолжно косо сечење од 48° кога се
нагодува прецизност на засек од 45°.
Овие нагодувања се направени фабрички. Но
доколку се изместени, може да ги приспособите со
следниве постапки.
1.
Малку олабавете ги клемастите завртки
однапред и одназад на алатот.
2.
Нагодете го аголот на ножевите.
► Сл.44: 1. Триаголен линијар
За нагодување на прецизност на засек од 0°,
направете ја основата нормална во однос
на сечилото со помош на триаголен линијар,
правоаголен линијар итн., така што ќе ја свртите
завртката за нагодување.
► Сл.45: 1. Завртка за нагодување засек од 0°
За нагодување прецизност на засек од 45°,
поставете ја основата под агол од 45° од сечилото со
помош на триаголен линијар, така што ќе ја свртите
завртката за нагодување.
► Сл.46: 1. Завртка за нагодување засек од 45°
3.
Стегнете ги стезните шрафови и направете
пробно сечење.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents