Опис На Функциите - Makita LC1230 Instruction Manual

Metal cutting saw
Hide thumbs Also See for LC1230:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Штитник на ножот
► Сл.3: 1. Штитник на ножот
Кога ја спуштате рачката, штитникот на ножот
автоматски се подигнува. Штитникот е затегнат
со пружина за да се враќа во почетната положба
кога ќе заврши сечењето и ќе се подигне рачката.
НИКОГАШ НЕ БЛОКИРАЈТЕ ГО И НЕ ВАДЕТЕ ГО
ШТИТНИКОТ НА НОЖОТ ИЛИ ПРУЖИНАТА КОЈА Е
ПРИКАЧЕНА НА ШТИТНИКОТ.
Во интерес на вашата лична безбедност, секогаш
одржувајте го штитникот на ножот во добра состојба.
Секое неправилно функционирање на штитникот
на ножот мора веднаш да се поправи. Проверете
за да се уверите дали функционира пружината
за повратно дејство на штитникот. НИКОГАШ
НЕ КОРИСТЕТЕ ГО АЛАТОТ АКО ШТИТНИКОТ
НА НОЖОТ ИЛИ ПРУЖИНАТА СЕ ОШТЕТЕНИ,
НЕИСПРАВНИ ИЛИ ИЗВАДЕНИ. ВО СПРОТИВНО,
КОРИСТЕЊЕТО Е МНОГУ ОПАСНО И МОЖЕ ДА
ПРЕДИЗВИКА ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА.
Ако штитникот за сечило е особено нечист,
користете го испорачаниот насаден клуч за да
ја олабавите шестоаголната завртка што го
прицврстува средишниот капак. Олабавете ја
шестаголната завртка вртејќи ја налево и подигнете
ги штитникот на сечилото и средишниот капак.
Со штитникот на сечилото поставен на таков
начин, чистењето може да се изврши целосно
и поефикасно. Кога ќе завршите со чистењето,
повторете ја постапката по обратен редослед
и прицврстете ја завртката. Не отстранувајте ја
пружината што го држи штитникот на сечилото.
НЕМОЈТЕ ДА ГО БЛОКИРАТЕ ИЛИ ВАДИТЕ
ШТИТНИКОТ.
► Сл.4: 1. Штитник на ножот
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
Кога не го користите алатот, извадете
го копчето за заклучување и ставете го
на безбедно место. Така ќе спречите
недозволено користење на алатот.
► Сл.5: 1. Копче за забравување 2. Прекинувач
За да не дојде до случајно притискање на
прекинувачот, алатот има копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и притиснете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за исклучување на
алатот.
Поставување на саканиот агол на сечење
ВНИМАНИЕ:
Секогаш затегнете ја шестоаголната завртка
откако ќе го промените аголот на сечење.
► Сл.6: 1. Градација 2. Рачка 3. показател
4. Запирачи на стегата
За да го промените аголот на сечење, ослободете го лостот.
Поместете ја кочницата од стегата така што показателот
ќе покажува на саканото градирање. Потоа, затегнете го
лостот за да ја прицврстите кочницата на стегата.
Собирање прав
► Сл.7: 1. Кутија за прав
ВНИМАНИЕ:
Веднаш по работењето, не допирајте ниту еден дел
од кутијата за прав освен рачката, затоа што може
да биде многу жешка и да Ви ја изгори кожата.
Алатот е опремен со кутија за прав за собирање
прав и струганици. Кога кутијата за прав е полна,
фатете ја рачката од кутијата и малку подигнете ја.
Потоа извлечете ја кутијата за прав од основата на
алатот. Испразнете ја кутијата за прав.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот, проверете
дали е исклучен и откачен од струја.
Чување на насадниот клуч
► Сл.8: 1. Држач за клуч 2. Основа
Насадниот клуч се чува како што е прикажано на
сликата. Кога го користите насадниот клуч, извлечете
го од држачот за клучот. Откако ќе завршите со
користење на насадниот клуч, вратете го во држачот.
Монтирање или отстранување на
сечилото
► Сл.9: 1. Централен капак 2. Шестоаголна завртка
3. Насаден клуч 4. Штитник за сечило
ВНИМАНИЕ:
Кога го монтирате сечилото, уверете се
дека насоката на стрелката на површината
од сечилото се совпаѓа со насоката на
стрелката на кутијата од сечилото.
Користете го само доставениот насаден
клуч Makita за ставање или вадење на
сечилото. Ако не го користите тој клуч,
можете да ја стегнете шестоаголната завртка
или премногу или недоволно. Тоа може да
предизвика повреда.
Не допирајте го сечилото веднаш по
работата, затоа што може да е многу жешко и
да Ви ја изгори кожата.
43 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lc1230n

Table of Contents