Skil BT1-1310 Series Original Instructions Manual page 199

Sliding mitre saw
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Не користете друго лице како замена за
продолжеток на масата или како дополнителна
поддршка Нестабилната поддршка на работното
парче може да предизвика врзување на сечилото
или поместување на работното парче за време
на операцијата за сечење, повлекувајќи ве вас и
помошникот во ротирачкото сечилото.
Отсеченото парче не смее да се заглави или да
биде притиснато со што било врз ротирачкото
сечилото на пилата Ако е заробено, т.е. со
употреба на ограничувачи за должината, отсеченото
парче може да се залепи на сечилото и да биде
насилно отфрлено.
Секогаш користете стега или прицврстувач
дизајниран за правилно поткрепување на
кружен материјал, како што се прачки или цевки
Прачките имаат тенденција да се тркалаат додека се
сечат, предизвикувајќи сечилото да „гризе" и да го
влече работното парче со раката во сечилото.
Оставете го сечилото да достигне целосна
брзина пред да има контакт со работното парче
Ова ќе го намали ризикот од отфрлање на работното
парче.
Ако работното парче или сечилото се заглават,
исклучете ја аголната пила. Почекајте сите
подвижни делови да застанат и исклучете
го приклучокот од изворот на напојување и/
или извадете ја батеријата. Потоа, работете
на ослободување на заглавениот материјал
Продолженото сечење со пилата со заглавено
работно парче може да предизвика губење на
контролата или оштетување на аголната пила.
По завршување на сечењето, ослободете го
прекинувачот, држете ја главата на пилата
надолу и почекајте да се запре сечилото пред
да го отстраните отсеченото парче. Опасно е да
посегнувате со раката во близина на сечилото.
Држете ја рачката цврсто кога правите
пожлебување или кога го ослободувате
прекинувачот пред главата на пилата да
биде целосно во спуштена положба Дејството
на сопирање на пилата може да предизвика
главата на пилата одеднаш да се повлече надолу,
предизвикувајќи ризик од повреда.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Налети на струја доведуваат до кратктотрајни
падови на напопнот; под неповолни услови на
напојување може да биде оштетена другата
опрема (доколку имоенданцијата на напојување
со електрична енергија е помала од 0,464 ома, не
постои можност да дојде до нарушувања); доколку
ви е потребно дополнително објаснување, можете да
се обратите до локалната служба за снабдување со
електрична енергија
ОПШТИ
Користете го овој алат само за сечење дрво
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Немојте да стоите на алатот или на неговата
подлога Може да дојде до сериозна повреда
ако алатката се преврти или ако случајно дојде
до контакт со алатката за сечење. Не чувајте
материјали на алатката или во нејзина близина
доколку е потребно да стоите на алатот или на
неговата подлога за да ги достигнете.
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
Секогаш исклучувајте го приклучокот од изворот
на напојување пред да ја транспортирате
аголната пила Исклучете го приклучокот, спуштете
го склопот на долниот дел на главата и заклучете го
во положба, користете ја рачката за носење и една
од вдлабнатините за раката во основата на пилата.
Не оставајте ја алатката додека не запре целосно
Кога сечете работни парчиња со неправилна
форма, испланирајте ја вашата работа за парчето
да не се лизне и да не го притисне сечилото и да
не ви биде истргнато од раката
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПРЕД УПОТРЕБА
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Носете заштитни очила, заштита за ушите, и
заштитни ракавици
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
Проверете ја заштитата дали е правилно затворена
пред секоја употреба
Не вклучувајте го циркуларот ако заштитата не се
движи слободно и веднаш се затвора
Никогаш не стегајте ниту не врзувајте за заштитата
во отворена позиција
Никогаш не користете го алатот без подметок за
масата. Заменете оштетен или изабен подметок за
масата
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
ПРИБОР
Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
199

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

1310

Table of Contents