Skil BT1-1310 Series Original Instructions Manual page 198

Sliding mitre saw
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АГОЛНИ ПИЛИ
Аголните пили се наменети за сечење дрво или
производи слични на дрво, тие не можат да се
користат со абразивни тркала за сечење на
материјали што содржат железо, како што се
решетки, прачки, столпчиња, итн. Абразивната
прашина предизвикува заглавување на подвижните
делови, како што е долниот штитник. Искрите од
абразивно сечење ќе го изгорат долниот штитник,
делот што се отсекува и другите пластични делови.
Користете стеги за парчето за обработка
секогаш кога тоа е можно. Ако го држите
работното парче со рака, секогаш мора раката да
ви биде најмалку 100 mm оддалечена од двете
страни на сечилото на пилата. Не користете ја
оваа пила за сечење парчиња што се премногу
мали и не можат безбедно да се стегнат или
да се држат со рака Ако вашата рака е поставена
премногу близу до сечилото на пилата, постои
зголемен ризик од повреда при контакт со сечилото.
Работното парче мора да биде статично и фатено
со стега или да се држи потпрено и на оградата
и на масата. Не ставајте го работното парче за
обработка во сечилото или немојте „слободно"
да го сечете на кој било начин Неприцврстените
или подвижните работни парчиња може да бидат
отфрлени со голема брзина, предизвикувајќи
повреда.
Туркајте ја пилата нанапред низ работното парче.
Не повлекувајте ја пилата наназад низ работното
парче. За да направите рез, подигнете ја главата
на пилата и поставете ја над работното парче
без сечење, вклучете го моторот, притиснете ја
главата на пилата надолу и туркајте ја пилата
нанапред низ работното парче Ударот при сечење
со повлекување наназад најверојатно ќе предизвика
сечилото на пилата да се качи на горниот дел од
работното парче и насилно да го отфрли склопот на
сечилото кон операторот.
Никогаш поставувајте ја раката преку
предвидената линија за сечење или пред или
зад сечилото на пилата „Вкрстеното" држење на
работното парче, т.е. држењето на работното парче
на десно од сечилото на пилата со левата рака или
обратно е многу опасно.
Не посегнувајте зад оградата со ниту една рака
поблиску од 100 mm од која било страна на
сечилото на пилата за да отстраните остатоци од
дрво или заради која било друга причина додека
сечилото се врти Близината на сечилото на пилата
што се врти до вашата рака може да не е очигледна и
можете да бидете сериозно повредени.
Проверете го вашето работно парче пред да
го исечете Ако работното парче е свиено или
искривено, затегнете го со надворешното
свиено лице кон оградата. Секогаш осигурите
се дека нема празнина помеѓу работното парче,
оградата и масата по должината на линијата на
сечење Свиените или искривени работни парчиња
можат да се извртат или да се поместат и може да
предизвикаат врзување за сечилото на ротирачката
пила при сечење. Не треба да има шајки или страни
предмети во работното парче.
Не користете ја пилата сè додека не ги тргнете
од масата сите алатки, остатоци од дрво и сл.,
освен работното парче Малите остатоци или
лабавите парчиња дрво или другите предмети што
имаат контакт со ротирачкото сечило може да бидат
отфрлени со голема брзина.
Сечете само едно работно парче во исто време
Повеќе работни парчиња поставени едно врз
друго не можат да бидат соодветно стегнати или
ограничени и може да се врзат со сечилото или да се
поместуваат за време на сечењето.
Осигурите се дека аголната пила е монтирана
или поставена на нивелирана, цврста работна
површина пред употреба. Нивелираната и цврста
работна површина го намалува ризикот аголната
пила да стане нестабилна.
Планирајте ја вашата работа! Секој пат кога ќе го
промените аголот на сечење или поставувањето
на аголот на закосеност, проверете дали е
правилно прилагодена прилагодливата ограда
за да го поддржува работното парче и дека
нема да го попречува сечилото или системот на
штитници Без вклучување на алатката на „ON" и без
работно парче на масата, поместете го сечилото на
пилата за целосно симулиран рез за да се осигурате
дека нема да има попреченост или опасност од
сечење на оградата.
Обезбедете соодветна поддршка како што се
проширувања на масата, потпорни конструкции
и сл. за работно парче кое е пошироко или
подолго од горниот дел од масата. Работните
парчиња подолги или пошироки од масата за аголна
пила може да се превртат ако не се безбедно
прицврстени. Ако се превртат отсечените парчиња
или работното парче, може да го подигнат долниот
штитник или да бидат отфрлени од ротирачкото
сечило.
198

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

1310

Table of Contents