Македонски - Philips 9000 Series Manual

Hide thumbs Also See for 9000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
48
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ги искористите придобивките
од поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/MyVacuumCleaner.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и зачувајте ги
за во иднина.
Опасност
- Никогаш не смукајте вода или други течности, запаливи супстанции или врел пепел.
Предупредување
- Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на уредот одговара на
напонот од локалната електрична мрежа.
- Немојте да го користите уредот ако приклучокот, кабелот за напојување или самиот уред е
оштетен.
- Ако напојниот кабел е оштетен, мора да ви го замени Philips, сервисен центар овластен од
Philips или слични квалификувани лица, со цел да се избегне опасност.
- Не насочувајте го цревото, цевката или кој било друг додаток во очите или ушите и не
ставајте го во уста.
- Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот.
- Немојте да го користите уредот во комбинација со трансформатор затоа што тоа може да
предизвика опасни ситуации.
- Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со
уредот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
- Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја
правосмукалката за смукање градежен шут, прав од цемент, пепел, ситен песок, вар и
слични супстанции. Никогаш не користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го
оштети моторот и да го скрати работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите
делови на правосмукалката како што е прикажано во корисничкото упатство. Не чистете
ниту еден дел со вода и/или со средства за чистење ако ова не е конкретно прикажано во
корисничкото упатство.
Внимание
- Ако чистите филтер што може да се мие со вода, проверете дали е целосно сув пред да го
вратите во уредот. Не сушете го филтерот на директна сончева светлина, на радијатор или
во машина за сушење. Заменете го филтерот што може да се мие ако веќе не може да се
исчисти соодветно или ако е оштетен.
- За да се гарантира оптимално задржување прав и оптимална работа на правосмукалката,
секогаш заменувајте ги филтрите со оригинални филтри на Philips од точниот тип (видете
'Нарачување додатоци').
- Млазницата со TriActive LED содржи LED-светла. Не гледајте директно во изворот на
светлина (Сл. 1).
Македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Xb9185Xb9185/09

Table of Contents