Македонски - Philips 7000 Series Manual

Hide thumbs Also See for 7000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ги искористите придобивките
од поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/MyVacuumCleaner.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и зачувајте ги
за во иднина.
Опасност
Никогаш не смукајте вода или други течности, запаливи супстанции или врел пепел.
Предупредување
- Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на уредот одговара на
напонот од локалната електрична мрежа.
- Немојте да го користите уредот ако приклучокот, кабелот за напојување или самиот уред е
оштетен.
- Ако напојниот кабел е оштетен, мора да ви го замени Philips, сервисен центар овластен од
Philips или слични квалификувани лица, со цел да се избегне опасност.
- Не насочувајте го цревото, цевката или кој било друг додаток во очите или ушите и не
ставајте го во уста.
- Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот.
- Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со
намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со
уредот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
- Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја
правосмукалката за смукање градежен шут, прав од цемент, пепел, ситен песок, вар и
слични супстанции. Никогаш не користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го
оштети моторот и да го скрати работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите
делови на правосмукалката како што е прикажано во корисничкото упатство. Не чистете
ниту еден дел со вода и/или со средства за чистење ако ова не е конкретно прикажано во
корисничкото упатство.
- Користете ги само наведените батерии.
- Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна
сончева светлина или високи температури.
- Ако производот стане невообичаено жежок или почне да мириса или ја менува бојата,
престанете да го користите производот и контактирајте со Philips.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски
шпорети.
- Немојте да го изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или
батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни
супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги
полните батериите.
- Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако
се случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош.
- Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.
Македонски
Македонски
111

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Fc8787/09Fc8580/09

Table of Contents