Рачно управување (без далечински управувач)
Ракување со уредот без далечинси управувач
Во случај Вашиот далечински управувач не работи, уредот можете да го
управувате и рачно со помош на копчињата MANUAL CONTROL (Рачно
управување) кое се наоѓа на внатрешната единица. Потребно е да земете во
обзир дека рачното управување не е долгорочно решение и се препорачува
управување на уредот со далечинскиот управувач.
ПРЕД РАЧНО УПРАВУВАЊЕ
Единицата се, пред рачно управување, мора да се исклучи.
За рачно управување на уредот:
1. Подигнете ја предната плоча на внатрешната единица додека не го
слушнете попратниот звук и додека не застане плочата во таа позиција..
2. Пронајдете го копчето MANUAL CONTROL на десната страна.
3. Притиснете го копчето еднаш MANUAL CONTROL за да активирате FORCED
AUTO начин на работа (присилно-автоматски начин на работа).
4. Повторно притиснете го копчето MANUAL CONTROL за да активирате
FORCED COOLING начин на работа (присилно ладење).
5. Притиснете го копчето MANUAL CONTROL трет пат за да го исклучите
уредот.
6. Затворете ја предната плоча на уредот.
ВНИМАНИЕ
Копчето за рачно управување е наменето за тестирање и ракување во итни
случаеви. Ве молиме оваа функција да не ја користите, освен во случаеви кога
сте го изгубиле далечинскиот управувач. За да се вратите на нормален начин
на работа, активирајте го уредот со помош на далечинскиот управувач
13