Philips AVENT SCF430 Manual page 225

Manual breast pump
Hide thumbs Also See for AVENT SCF430:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3 Нежно почнете да притискате на рачката сè додека не го почувствувате
смукањето на градата (Сл. 10). Потоа дозволете рачката да се врати
на положбата во мирување. Повторувајте го овој чекор рапидно 5 или
6 пати за да го иницирате рефлексот на испуштање на млекото.
Забелешка: Не морате целосно да притискате на рачката. Притиснете ја
само толку колку што е удобно. Вашето млеко наскоро ќе почне да тече,
иако не го користите целосното вшмукување што може да го создаде
пумпата.
4 Кога млекото ќе почне да тече, забавете го ритамот со притискање на
рачката и нејзино задржување притисната за момент пред да дозволите
да се врати на положбата во мирување. Продолжете со овој ритам
додека тече вашето млеко. Ако ви се измори раката, обидете се да ја
користите другата рака или пумпајте од другата града.
Забелешка: Не грижете се доколку млекото не почне веднаш да
тече. Опуштете се и продолжете со измолзувањето. Преместувањето на
пумпата за измолзување на градата од време на време може да помогне
да се поттикне протокот на млеко.
5 Продолжете да пумпате додека не почувствувате дека градата ви е празна.
6 Кога ќе завршите со измолзување, внимателно отстранете ја пумпата за
измолзување од градата и одвртете го шишето или чашата за чување
мајчино млеко од телото на пумпата. Исчистете ги другите користени
делови од пумпата за измолзување (видете 'Чистење и дезинфицирање').
По употребата
Предупредување: Да се чува само млекото собрано со
чиста и дезинфицирана пумпа.
Доколку сакате да го нахраните вашето бебе со измолзеното мајчино млеко
во периодот од 4 дена, можете да го чувате мајчиното млеко во фрижидер
во склопено шише или чаша за чување мајчино млеко на Philips Avent. Во
спротивно можете да го чувате мајчиното млеко во фрижидер до 6 месеци.
1 За да го складирате мајчиното млеко: затворете го шишето со дискот за
дихтување и прстенот за навртување (Сл. 11).
2 За да го подготвите шишето за хранење на вашето бебе: поставете цуцла
во прстен за навртување и навртете го склопениот прстен за навртување
на шишето. Покријте ја цуцлата со капачето на шишето (Сл. 12).
Македонски
225

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents