Bosch GLM 80 Original Instructions Manual page 226

Hide thumbs Also See for GLM 80:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 18
OBJ_BUCH-1347-005.book Page 226 Wednesday, August 7, 2013 4:12 PM
226 | Македонски
Функција на тајмер
Мерење на ѕидни површини
Мерење на косини
g Приказ за наполнетоста на батеријата
h Вклучен ласер
i Рефрентно ниво на мерењето
k Предупредување за температурата
Монтажа
Полнење на батеријата
 Не користете друг полнач. Испорачаниот полнач е
прилагоден на вградената литиум-јонска батерија во
вашиот мерен уред.
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Доколку долниот сегмент на приказот за наполнетост на
батеријата трепка g, може да се извршат уште неколку
мерења. Наполнете ја батеријата.
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе го
ставите приклучокот за полнење 21 во отворот за батерија
14.
Приказот за наполнетост на батерија g го покажува
напредокот на полнењето. За време на процесот на
полнење сегментите трепкаат еден по друг. Доколку се
прикажат сите сегменти на приказот за наполнетост на
батеријата g, батеријата е целосно наполнета.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од
струја.
Мерниот уред не може да се користи за време на процесот
на полнење.
 Заштитете го полначот од влага!
Напомени за оптимално користење на батериите
Складирајте ја батеријата само во дозволените граници на
температура, види „Технички податоци". не ја оставајте
батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
2 609 141 088 | (7.8.13)
Употреба
Ставање во употреба
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за понатамошна
работа, секогаш извршете проверка на точноста (види
„Проверка на точноста и калибрирањето на измерените
косини" и „Проверка на точност при мерење на
растојанија", страна 231).
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред ги имате следниве
можности:
– Притиснете на копчето за вклучување-исклучување 8:
Мерниот уред ќе се вклучи и се наоѓа во функција на
мерење на должини. Ласерот нема да се вклучи.
– Притиснете на копчето Мерење 2: Мерниот уред и
ласерот ќе се вклучат. Мерниот уред се наоѓа во
функција мерење на должини. Доколку уредот е ставен
во мерна шина 24, се активира функцијата мерење на
косини.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете долго на
копчето за вклучување-исклучување 8.
Доколку околу 5 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
Доколку при начин на работа „Мерење на косини" аголот
не се промени околу 5 мин., мерниот уред автоматски се
исклучува заради заштита на батериите.
При автоматското исклучување, се задржуваат сите
зачувани вредности.
Процес на мерење
По вклучувањето, со притискање на копчето Мерење 2
мерниот уред секогаш се наоѓа во функција Мерење на
должини одн. Мерење на косини, доколку мерниот уред е
ставен во мерната шина 24. Другите мерни функции може
да ги поставите со притискање на односните копчиња за
функции (види „Мерни функции", страна 227).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Glm 80+r60

Table of Contents