Viking HB 445 Instruction Manual page 405

Hide thumbs Also See for HB 445:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
однапред, може да дојде до
оштетувања на моторот или на другите
делови од апаратот, што со себе
повлекува големи трошоци за поправка.
Треба да се почека апаратот да се
излади, особено пред одржување во
подрачјето на менувачот, моторот,
издувното грло и ауспухот. Може да
бидат постигнати температури од 80° C
и повеќе. Опасност од изгореници!
Директниот контакт со моторно масло
може да биде опасен, освен тоа
моторното масло не смее да се истура.
VIKING препорачува полнењето
односно менувањето на моторното
масло да му се препушти на овластен
застапник за VIKING.
Редовно правете проверка на целиот
апарат, особено пред да го складирате
(на пр. пред паузата во зимскиот
период), за да утврдите дали некој дел
е изабен и оштетен. Од безбедносни
причини веднаш мора да се заменат
истрошените или оштетените делови,
за апаратот секогаш да биде во
безбедна работна состојба.
Чистење:
По секоја употреба целата машина
мора добро да се исчисти. (
Заглавените остатоци да се отстранат
со помош на дрвено стапче. Долната
страна на апаратот да се чисти со четка
и вода.
Не употребувајте агресивни средства
за чистење! Тие можат да го оштетат
материјалот или металот, со што би се
оневозможила безбедна работа со
вашиот VIKING апарат.
Долниот дел од апаратот (сите делови
што се наоѓааат под заштитниот лим)
смее да се чисти со помош на чистач со
висок притисок, т.е. пареа. Треба да се
0478 403 9800 H - MK
одржува растојание од најмалку 1 m, а
водениот млаз никогаш не треба да се
насочува директно на депоата или
дихтунзите – особено не на дихтунгот
помеѓу кутијата за менувач и
заштитниот лим.
За да се избегне опасност од пожар,
треба отворите за воздухот за ладење,
радијаторите и делот кај издувната
цевка да не дојдат во допир со на пр.
трева, слама, плевел, листови или
истечено масло.
Одржување:
Дозволено е да ги вршите само оние
активности за одржување, кои се
наведени во ова Упатство за употреба,
сите останати активности треба да ги
врши овластен застапник.
Доколку немате соодветно познавање и
помошни средства, секогаш обратете
се кај овластен застапник.
VIKING препорачува одржувањето и
поправките да ги извршува само
овластен застапник на VIKING.
Овластените застапници на VIKING
редовно посетуваат обуки и ги имаат на
располагање сите технички
информации.
При поправките треба да се употребува
12.2)
само алат, прибор или додатни уреди,
кои се одобрени од VIKING или се
технички слични делови, во спротивно
постои опасност од незгоди и може да
дојде до повреди кај луѓето или до
оштетување на машината. Доколку
имате прашања обратете се му се на
овластениот застапник.
Според своите карактеристики,
оригиналниот алат, прибор и резервни
делови од VIKING се оптимални за
машината и за нејзина употреба од
страна на корисникот. Оригиналните
резервни делови VIKING можат да се
препознаат по VIKING-бројот на
резервниот дел, по натписот VIKING и
по VIKING ознаката на резервниот дел.
На помалите делови може да стои само
знакот.
Од безбедносни причини, редовно
треба да се проверуваат деловите кои
имаат допир со горивото (водот за
гориво, вентилот за гориво,
резервоарот, затворачот од
резервоарот, приклучоците и сл.), за да
се види дали се оштетени и дали
дихтуваат и, по потреба, да се заменат
од страна на стручно лице (VIKING го
препорачува овластениот застапник на
VIKING).
Налепниците со предупредувања и
упатства треба секогаш да бидат чисти
и читливи. Оштетените или изгубените
налепници треба да се заменат со нови,
оригинални ознаки од Вашиот овластен
застапник за VIKING. Доколку еден дел
биде заменет со нов, проверете дали и
новиот дел ја има истата налепница.
Секогаш внимавајте навртките,
клиновите и штрафовите да бидат
добро затегнати, за управувањето со
апаратот да биде безбедно.
Никогаш не го менувајте основното
нагодување на моторот и не
поставувајте преголем број вртежи.
Доколку при зафатите за одржување се
извадат некои составни или заштитни
делови, тие треба повторно да се
монтираат на своите места според
упатствата.
При замената на работните алатки
(ножевите за фрези), треба да се обрне
внимание на типот и комбинацијата на
ножот за фреза – дозволени се само
варијанти, одобрени од VIKING.
403

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hb 685Hb 560Hb 585

Table of Contents