Viking HB 445 Instruction Manual page 402

Hide thumbs Also See for HB 445:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Пред пуштањето на апаратот во
употреба, се проверува заптивањето на
системот за гориво, особено на
видливите делови, како што се на пр.
резервоарот, капакот на резервоарот,
приклучоците за цревото. Во случај на
недоволно заптивање или оштетување,
бензинскиот мотор не треба да се
стартува – Опасност од пожар!
Пред пуштањето во употреба, апаратот
се дава на поправка кај овластениот
трговец.
Имајте ги во предвид локалните
прописи за времето на работење на
градинарските апарати со бензински
мотор.
Проверете ја внимателно површината
на којашто ќе се работи со апаратот и
отстранете ги големите камења,
трупците, коските и другите предмети
кои апаратот може да ги здроби.
Предметите кои се скриени во почвата
(прскалки за тревник, столпчиња,
вентили за вода, темели, електрични
водови и сл.) пред работењето со
апаратот мора јасно да се означат и да
се заобиколат. Никогаш не поминувајте
намерно преку ваквите видови на
предмети!
Пред употребата на машината треба да
се замени дефектната издувна цевка,
како и останатите изабени или
оштетени делови. Доколку испишаните
предупредувања за опасност со текот
на времето станале нечитливи или се
оштетени, тие треба да се заменат.
Вашиот овластен застапник на VIKING
располага со резервни налепници со
натписи и други резервни делови.
400
Пред употребата на апаратот,
проверете дали утикачот за свеќичка е
цврсто и безбедно поставен на
свеќичката.
Апаратот смее да се користи само кога
е во состојба безбедна за работење.
Пред секоја употреба треба да се
провери,
– дали целиот апарат е монтиран како
што е пропишано.
– дали заштитните уреди (на пр.
рачката на погонот, заштитните
лајсни, заштитните капаци,
заштитните прекривки, управувачот,
заштитната решетка) се во исправна
состојба и функционираат правилно.
Никогаш немојте да го користите
апаратот, доколку сигурносните
уреди недостасуваат, се оштетени
или, пак, се изабени.
– дали работните алатки (ножевите за
фрези) и штрафовите за
прицврстување, како и
имобилизаторите, се на свое место,
односно дали се истрошени или
оштетени (резови, пукнатини).
Истрошените или оштетени делови
мора да се заменат.
– дали работните алатки (ножевите за
фрези) се монтирани безбедно и
цврсто.
– дали функционираат рачките на
погонот и дали се избалансирани.
– дали е правилно затворено капачето
од резервоарот за гориво.
– дали резервоарот и доводите за
гориво, како и капачето на
резервоарот се во добра состојба.
– дали е правилно затворено капачето
од резервоарот за масло.
– дали користената додатна опрема е
монтирана на апаратот во целина и
како што е пропишано. Сите делови
за вградување што се вклучени во
испорачаната опрема, мора да се
блокираат, или пак да се користат.
Во случај на потреба да се извршат
сите неопходни поправки, односно да
се обратите кај овластено стручно
лице. VIKING Ви го препорачува
овластениот застапник за VIKING.
Заштитните лајсни лево и десно, се
определени на соодветната работна
ширина, и постојано мора да бидат
правилно монтирани. Доколку кај
моделите HB 445 и HB 445 R работната
ширина се зголеми со дополнителни
ножеви за фреза (Опрема од VIKING),
тогаш ќе мора да се монтираат и
поголеми заштитни лајсни (испорачани
со опремата).
Апаратот треба со помош на тркалата
за транспорт да се турка или да се
влече до површината што ќе се
обработува.
Пред пуштањето во работа, да се
отстранат сите други предмети,
(алатки, крпи и др.) што се наоѓаат на
апаратот.
4.6 За време на работењето
Трети лица треба да се држат
настрана од подрачјето на
опасност! Никогаш не
работете кога во подрачјето
на опасност се наоѓаат животни или
луѓе, особено деца.
0478 403 9800 H - MK

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hb 685Hb 560Hb 585

Table of Contents