Viking HB 445 Instruction Manual page 401

Hide thumbs Also See for HB 445:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Немојте никогаш да користите шишиња
од пијалоци или слично за складирање
или чување горива и масла како
на пример гориво. Луѓе, особено деца,
би можеле да се излажат и да се
напијат од нив.
Бензинот треба да се чува
подалеку од извор на
искрење, отворен пламен,
постојан оган, извори на
топлина и други извори на пламен.
Немојте да пушите!
Ставајте гориво само на отворено и не
пушете додека полните гориво.
Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и оставете го да се олади.
Бензинот се полни пред да се стартува
моторот. Додека моторот работи или
додека машината е сè уште загреана,
капакот од резервоарот не смее да се
отвора и не смее да се дополнува
гориво.
Не полнете го до крај резервоарот за
гориво, оставете празни околу 4 cm под
работ од отворот за полнење, за да има
место горивото да се рашири.
Доколку бензинот претече, моторот
смее да се стартува откако е исчистена
површината извалкана со бензин.
Треба да се избегнува секој обид за
стартување сè додека не исчезне
пареата од бензинот (да биде суво).
Секогаш треба да се избрише горивото
што ќе претече.
Доколку Ви се истури бензин на
облеката, морате да ја преслечете.
Немојте никогаш да ја чувате машината
со бензин во резервоарот во затворен
простор. Пареата од бензин може да
дојде во допир со отворен оган или
искри и да се запали.
0478 403 9800 H - MK
Доколку треба да го испразните
резервоарот, направете го тоа на
отворено.
4.3 Облека и опрема
За време на работењето
секогаш носете чевли со ѓон
што не се лизга. Немојте
никогаш да работите боси или на
пример со сандали.
При одржување и чистење,
како и при транспорт на
машината, секогаш носете
поцврсти ракавици и, доколку
имате долга коса, соберете ја и покријте
ја (со марама, капа и сл).
При ракувањето со апаратот
треба да се носи соодветна и
припиена облека, т. е.
комбиниран костум, а не
работен мантил. За време на работата
со апаратот да не се носи шал, машна,
накит, ленти или синџирчиња кои висат
и никакви други делови од облеката што
излегуваат надвор од неа.
Деловите што се вртат можат да ја
зафатат или да ја скинат косата,
облеката или деловите од облеката.
Ова може да предизвика тешки
повреди.
4.4 Транспорт на машината
Задолжително да се користат ракавици,
за да се избегнат повреди од острите и
жешки делови на машината.
Апаратот не смее да се транспортира
со вклучен мотор. Пред транспотирање
исклучете го моторот, почекајте да се
смират работните алатки и извлечете го
утикачот за свеќичката.
Апаратот треба да се транспортира
само со изладен мотор и без гориво.
Внимателно прочитајте ги упатствата
во поглавјето „Транспорт". Таму е
опишано како треба да се подигнува,
односно прицврстува машината. (
Секогаш носете го апаратот по двајца –
внимавајте на точките за држење.
Користете соодветни помагала за
товарење (рампи за товарење, направи
за кревање).
Од безбедносни причини, при
транспорт и утовар, особено при
употреба на рампи за утовар, не смее
да се надмине аголот на навалување од
15°.
Апаратот и останатите делови кои се
транспортираат на транспортната
површина се обезбедуваат со
соодветно димензионирани средства за
прицврстување (ремени, сајли итн.).
Апаратот никогаш не смее да се
транспортира без да се обезбеди.
VIKING препорачува транспортирање
на мотокултиваторот со соодветна
приколка, т.е. на соодветна површина
за транспорт, а не во внатрешноста на
возилото (на пр. багажник).
При транспортирање на опремата,
треба да се почитуваат регионалните
прописи, особено во смисла на
безбедноста на товарот и на
транспортот на стоките со превозни
средства.
4.5 Пред почетокот на работењето
Мора да се осигура дека со машината
управуваат исклучиво лица, кои се
запознати со содржината на Упатството
за употреба.
13.)
399

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hb 685Hb 560Hb 585

Table of Contents