Viking HB 445 Instruction Manual page 404

Hide thumbs Also See for HB 445:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Аголот на наклон од 15° одговара на
вертикално растојание од 26,8 cm на
100 cm хоризонтална должина.
За да се обезбеди доволно
подмачкување на моторот, при
употреба на апаратот на стрмнина,
треба да се почитуваат
дополнителните информации
доставени заедно со Упатството за
употреба Бензински мотор.
Ракување:
Опасност од повреди!
Никогаш не доближувајте ги
рацете или стапалата над, под
или до деловите што се вртат.
Заради безбедносни причини, секогаш
ракувајте со апаратот со двете раце –
двете раце за време на работата
секогаш мораат да се наоѓаат на
рачките на управувачот. Никогаш
немојте да работите со една рака.
Работната длабочина да се регулира
само со притискање на блокажата за
кочница.
Апаратот треба да се користи со
посебна претпазливост на тешко
обработлива почва (на пр. камена или
тврда) – брзината на вртежите на
работните алатки треба да се намали
(регулирање на гасот).
Движете ја машината само во темпо на
чекорење – немојте никогаш да трчате
кога работите со машината. Доколку со
402
машината се движите премногу брзо,
опасноста од повреди поради
сопнување, лизгање и сл. е поголема.
Внимание – Опасност од повреди!
Бидете посебно внимателни и особено
внимавајте да има доволно растојаните
меѓу работните алатки (ножевите за
фрези) и стапалата кога го вртите
апаратот, кога го повлекувате кон себе
или кога го користите рикверцот.
Внимание – Опасност од сопнување!
При движењето на апаратот наназад да
се внимава на пречките зад операторот.
Доколку апаратот се заглавил, да се
изгаси моторот и да се извлече
утикачот за свеќичката. Секогаш носете
го и пуштете го апаратот со помош на
уште едно лице.
Исклучете го моторот,
– ако машината мора да се наведне
заради транспортирање,
– ако машината се турка или се влече
од и кон површината на којашто се
работи,
– ако се оддалечувате од апаратот,
односно кога тој не е под надзор,
– пред да дополните гориво. Ставајте
гориво само кога моторот е изладен.
Опасност од пожар!
– ако машината се турка или се влече
од и кон површината на којашто не се
работи.
Изгасете го моторот и извлечете го
утикачот за свеќичката,
– пред да ги ослободите блокадите,
– пред да го подигнете и носите
апаратот,
– пред да го транспортирате апаратот,
– пред да вршите проверка, пред да го
чистите апаратот или пред да
извршите други активности на него
(на пр. преклопување на
управувачот, расклопување на
транспортните тркала),
– кога ќе удрите во туѓо тело или
доколку апаратот почне ненормално
силно да вибрира. Пред повторно да
ја стартувате машината и да
работите со неа, проверете дали има
оштетување на неа, пред сè на
работните алатки (ножевите за
фрезите, зацврстувањето на
ножевите за фрезите, погонското
вратило) и извршете ги неопходните
поправки.
Опасност од повреди!
Силното вибрирање по правило е
знак за неисправност.
Не смее да се работи со
мотокултиваторот со оштетено
или свиткано погонско вратило,
т.е. со оштетени работни алатки.
Доколку немате доволно
познавање, препуштете ги
потребните поправки на стручно
лице – VIKING го препорачува
овластениот трговец на VIKING.
4.7 Одржување и поправки
Пред почетокот на чистење-,
нагодување-, поправка- и
одржување, апаратот треба
да се постави на цврста и
рамна подлога, да се почека да се
излади, како и да се извлече утикачот за
свеќичката.
За чистење или одржување, апаратот
се поставува само одзади. Доколку
апаратот се постави странично или
0478 403 9800 H - MK

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hb 685Hb 560Hb 585

Table of Contents