Viking HB 445 Instruction Manual page 400

Hide thumbs Also See for HB 445:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
друго стручно лице мора да му објасни
на корисникот како се ракува со
апаратот.
При давањето на инструкции на
корисникот треба да му се укаже, дека
за работата со апаратот се неопходни
особена грижливост и концентрација.
Машината заедно со сите додатоци
смее да се дава само на лица кои се
упатени или се запознаени со овој
модел и со начинот на употреба.
Упатството за употреба е дел од
машината и секогаш мора да се
предава заедно со неа.
Користете ја машината само кога сте
одморени и при добра телесна и
душевна состојба. Доколку имате
здравствени потешкотии, консултирајте
се со Вашиот лекар дали смеете да
управувате со машината. Со машината
не смее да се управува по консумирање
алкохол, дроги или лекарства, кои ги
забавуваат реакциите.
Никогаш немојте да дозволите
машината да ја користат деца или
млади под 16 години. Минималната
возраст на корисникот може да биде
определена со локалните прописи.
Со оваа машина не смеат да ракуваат
лица (особено деца) со ограничени
психички, сензорни или ментални
способности или лица кои немаат
доволно искуство и/или знаење, освен
ако тие лица не работат под надзор на
надлежно лице или ако од него не
добиеле прецизни упатства за тоа како
да се употребува машината. Децата
треба да бидат под надзор, за да се
осигури дека нема да си играат со
машината.
398
Внимание – Опасност од незгода!
Мотокултиваторот е наменет само за
обработка на почва што служи за
сеење, одгледување или нега на
растенија. Тој смее да се употребува
само како што е опишано во ова
Упатство за употреба – да не се користи
за други цели! Друга употреба не е
дозволена и може да биде опасна. Како
последица може да се дојде до повреди
или оштетувања на апаратот.
Поради телесната загрозеност на
корисникот, мотокултиваторот не смее
да се употребува за следниве
активности (набројувањето не е
конечно):
– за работи поврзани со тревници на
покриви и на балкони,
– за сечење и за ситнење на делови од
дрвја и искастрен материјал.
Со машината не смеат да се
транспортираат предмети, животни или
луѓе, особено деца.
Од безбедносни причини забранета е
секоја измена на апаратот, со исклучок
на стручно вградување на прибор и
опрема што се одобрени од VIKING, и
истото води кон прекин на важноста на
гаранцијата. Информации за
одобрениот прибор и опрема можете да
добиете кај овластениот застапник за
VIKING.
Особено се забранува секаква
манипулација на апаратот, со која се
врши промена на моќноста или бројот
на вртежите на бензинскиот мотор.
Потребно е да се биде многу
внимателен при употребата на
машината на јавни места, паркови,
спортски игралишта, улици и во
земјоделски и шумски предели.
Внимание! Опасност по
здравјето поради
вибрациите! Преголемото
оптоварување поради
вибрациите може да доведе до
оштетување на кардиоваскуларниот
или нервниот систем, особено кај
луѓето со кардиоваскуларни проблеми.
Доколку почувствувате симптоми што
би можеле да се јават како последица
од оптоварувањето со вибрации,
обратете се кај лекар.
Вакви симптоми, кои најчесто се
појавуваат во прстите, дланките или на
рацете, се на пр. (листата не е
целосна):
– отрпнатост,
– болки,
– слабост во мускулите,
– менување на бојата на кожата,
– непријатно скокоткање.
При користење на мотокултиваторот,
овозможете паузи во работата и
избегнувајте долга употреба на
апаратот, бидејќи долготрајните
вибрации се штетни по здравјето.
4.2 Ставање гориво – ракување со
бензин
Опасно по живот!
Бензинот е отровен и лесно
запаллив.
Чувајте го бензинот во садови
(канистри) наменети и проверени
специјално за таа цел. Капачињата за
затворање на садовите за бензин треба
секогаш добро да се завртат и затегнат.
Од безбедносни причини дефектните
капачиња треба да се заменат.
0478 403 9800 H - MK

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hb 685Hb 560Hb 585

Table of Contents