Bosch AKE 30 Original Instructions Manual page 271

Hide thumbs Also See for AKE 30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
OBJ_BUCH-2245-001.book Page 271 Thursday, October 16, 2014 11:51 AM
Бувтање дрва (види слика K)
 Секогаш носете заштитен шлем за да се заштитите
од гранки кои паѓаат.
 Со пилата можат да се бувтаат само дрва чијшто
дијаметар е помал од должината на плочата за
ланецот.
 Обезбедете го просторот за работа. Внимавајте да
нема лица и животни во близина на дрвото што го
бувтате ().
 Не пробувајте да го отплеткате заглавениот ланец
додека пилата работи. Користете дрвени клинови за
да го ослободите заглавениот ланец.
Ако дрва бувтаат две или повеќе лица истовремено,
таквите операции треба да се вршат на меѓусобна
оддалеченост најмалку два пати поголема од должината на
дрвото што се бувта. Внимавајте да не доведете во
опасност други лица или животни, да не ја оштетите
електричната мрежа или други добра. Ако дрвото дојде во
контакт со електричната мрежа, веднаш известете го
соодветното претпријатие.
Ракувачот со пилата при бувтање на дрвото треба да се
тргне на погорната страна на падината, зошто дрвото
најверојатно ќе падне или ќе се стркала надолу.
Пред да се бувта дрвото, треба да се предвиди патека за
евакуација () и истиот да се расчисти. Патеката треба да
се простира наназад и дијагонално од предвидената
насока на паѓање на дрвото.
Пред бувтањето на дрвото, земете ја предвид природната
наваленост на дрвото, местоположбата на поголемите
гранки и насоката на ветрот, за да предвидите во која
насока ќе падне дрвото.
Отстранете ја валканштината, камењата, олабавената
кора, шајките и жиците од дрвото.
Аголно засекување: Направете го аголниот засекX–Wдо
1/3 во дијаметарот на стеблот од предвидената страна на
паѓање. Прво направете го долниот, хоризонтален рез. Со
тоа ќе избегнете заглавување на ланецот или на забецот
кога ќе го правите вториот засек.
Заден засек за бувтање: Направете го засекот за
бувтање од задната страна (Y) најмалку 50мм над
аголниот засек. Засекот за бувтање од задната страна
треба да е хоризонтален (паралелен со долниот засек.)
Сечете само дотаму да е доволно дрво оставено во
средиштето да може да делува како пафта. Тој незасечен
дел во средиштето го спречува дрвото да се навали и да
падне во погрешна насока. Не сечете го средиштето.
Bosch Power Tools
Како што одите подлабоко во средиштето, дрвото ќе почне
да паѓа. Ако постои можност дрвото да не падне во
саканата насока или да се заниша наназад и да ја потфати
пилата, престанете со сечењето пред да го завршите
задниот засек и употребете дрвени, пластични или
алумински клинови да го поткренете дрвото и да го
навалите кон саканата насока на паѓање.
Кога дрвото ќе почне да паѓа, извадете ја пилата од
дрвото, згаснете ја, спуштете ја и упатете се по
предвидената патека за евакуација. Внимавајте на дрвото
што паѓа одгоре, но пазете и каде газите.
Ставете клин (ZВо хоризонталниот засек за да го турнете
дрвото во пад.
Кога дрвото ќе почне да паѓа, напуштете ја опасната зона
по предвидената патека за евакуација. Внимавајте на
дрвото што паѓа одгоре, но пазете и каде газите.
Соголување на стеблото (види слика L)
Под соголување се подразбира отстранување на гранките
од паднатото дрво. При соголувањето, оставете ги
поголемите, пониски гранки на коишто се потпира дрвото.
Отстранете ги помалите гранки со еден засек, како што е
прикажано на сликата. Потфатените треба да се сечат од
дното нагоре за да се избегне заглавување на пилата.
Парчење на стеглото (види слики М-Р)
Парчење е сечење на стеблото на трупци. Важно е да
стоите стабилно на обете нозе. Ако е можно, стеблото
треба да се поткрене и да се потпре со помош на гранки,
трупци или цепаници. Следете ги едноставните упатства за
лесно сечење. Следете ги едноставните упатства за лесно
сечење.
Кога стеблото е потпрено по целата своја должина, се сече
одгоре надолу.
Кога е потпрено само на еден крај, пресечете 1/3 во
дијаметар од долната страна, а потоа завршете го засекот
одгоре.
Кога стеблото е потпрено на двата краја, сечете 1/3 во
дијаметар одгоре, а потоа завршете го засекот оддолу.
Ако го распарчувате дрвото на падина, секогаш стојте од
горната страна на стеблото. На крајот на секој засек
престанете да нанесувате притисок врз пилата, сеуште
цврсто држејќи за дршките, за да одржите потполна
контрола «Durchsägens» . Не дозволувајте ланецот да ја
допре земјата. По завршувањето на засекот, почекајте
ланецот да застане пред да ја тргнете пилата. Секогаш
гаснете ја пилата кога се преместувате од едно до друго
дрво.
Македонски | 271
F 016 L81 139 | (16.10.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ake 40Ake 45 sAke 35Ake 1835 sAke 30 sAke 35 s

Table of Contents