Philips SpeedPro Max Aqua FC6904/01R1 Manual page 118

Hide thumbs Also See for SpeedPro Max Aqua FC6904/01R1:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
118
-
Полнете го уредот само со доставениот адаптер. Користете само адаптер од 25 V ZD12D250050
или од 30 V ZD12D300050.
-
Полнете го, користете го и чувајте го производот на температура помеѓу 5 °C и 40 °C.
-
Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или
батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни
супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги
полните батериите.
-
Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна
сончева светлина или високи температури.
-
Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето
трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и
контактирајте со Philips.
-
Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски
шпорети.
-
Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се
случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош.
-
Овој производ содржи батерија на полнење. Батеријата може да ја смени само квалификуван
сервисен инженер.
-
Однесете го уредот во овластен сервисен центар на Philips кога веќе не можете да ја наполните
или кога брзо се празни.
-
Не отворајте го уредот за да ја замените батеријата на полнење.
-
Однесете го уредот во овластен сервисен центар на Philips кога веќе не можете да ја наполните
или кога брзо се празни.
-
За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте етерични масла или слични супстанции во
резервоарот за вода и не дозволувајте уредот да ги смука.
-
Не кревајте ја и не навалувајте ја млазницата кога резервоарот за вода е составен и полн, бидејќи
може да се распрска вода од резервоарот.
Внимание
-
При полнењето, адаптерот е топол на допир. Тоа е нормално.
-
Не приклучувајте го, откачувајте го и не работете со уредот со мокри раце.
-
Не отстранувајте го адаптерот од ѕидниот приклучок тегнејќи го за кабелот (Сл. 1). Кога нема да
полните со станицата за полнење, секогаш откачувајте го уредот, така што прво ќе го откачите
магнетниот диск за полнење од долната страна на уредот (Сл. 2).
-
Секогаш исклучувајте го уредот по користењето и пред да го полните.
-
Никогаш не блокирајте ги отворите за излез на воздухот за време на смукањето.
-
Не чистете ги садот за прав и капакот на садот за прав во машина за миење садови. Тие не се мијат
во машина за садови.
-
Не чистете го белиот материјал на филтерот со нормална правосмукалка или со четка за да се
избегне оштетување на материјалот.
-
Секогаш користете ја правосмукалката со склопен филтер.
-
Кога ќе го чистите филтерот што може да се мие со вода, проверете дали е целосно сув пред да го
вратите во држачот за филтер и садот за прав. Не сушете го сунѓерестиот филтер на директна
сончева светлина, на радијатор или во машина за сушење. Не чистете го држачот за филтер со
вода. Овој дел не се мие.
-
Заменете го филтерот ако веќе не може да се исчисти соодветно или ако е оштетен (видете
'Нарачување додатоци').

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents