Philips SpeedPro Max Aqua FC6904/01R1 Manual page 120

Hide thumbs Also See for SpeedPro Max Aqua FC6904/01R1:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
120
-
Користете го резервоарот за вода само на подови од линолеум што се соодветно фиксирани за да
се спречи вовлекување на линолеумот во млазницата за бришење.
-
Не користете го резервоарот за вода за чистење теписи.
-
Не поместувајте го уредот странично кога е прикачен резервоарот за вода, бидејќи ова ќе остави
водени траги. Поместувајте го само нанапред и наназад.
Забелешка: Работното време зависи од нивото на моќност што се користи за време на чистењето.
Влошка за бришење и лента за навлажнување
Уредов е опремен со лента за навлажнување и две идентични влошки за бришење од микрофибер.
Кога резервоарот за вода, лентата за навлажнување и микрофибер влошката за бришење се
прикачени на стандардната млазница за под, може да чистите цврсти подови.
Користење течно средство за чистење подови во
резервоарот за вода
Ако сакате да додадете течно средство за чистење подови во водата во резервоарот за вода,
користете средство за чистење што не пени многу или воопшто и што може да се раствори во вода.
Резервоарот за вода има капацитет од 200 ml, па затоа треба да додадете само неколку капки од
средството за чистење подови во водата.
Чистење на резервоарот за вода
За да го исчистите резервоарот за вода, измешајте еден дел оцет со три дела вода. Ставете ја смесата
во резервоарот за вода и затворете го капакот. Тресете го резервоарот за вода и ставете го на
водоотпорна површина. Оставете ја смесата од вода и оцет во резервоарот за вода преку ноќ. Потоа
испразнете го резервоарот за вода, исплакнете го темелно со свежа вода и користете го повторно
како и нормално.
Внимание: вода ќе истекува од резервоарот за вода за време на чистењето, со и без лентата за
навлажнување прикачена на млазницата.
За да го испразните резервоарот за вода, држете го над мијалник, отстранете го капакот и навалете
го на страната со отворот за полнење. Потоа превртете го резервоарот за вода наопаку за да истече
водата во мијалникот. Отстранете ја преостанатата вода од резервоарот за вода, свртете го на
неговата долга страна со отворот за полнење насочен кон мијалникот. Потоа навалете го
резервоарот за вода нанапред за да истече преостанатата вода од него.
Забелешка: секогаш складирајте го резервоарот за вода со отстранет капак од отворот за полнење.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или
кај дистрибутер на Philips. Исто така, може да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на Philips
во вашата земја (за детали за контакт погледнете во листот со меѓународна гаранција).
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents