Milwaukee M18 BSBT Original Instructions Manual page 101

Hide thumbs Also See for M18 BSBT:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од полначот за
батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27
°C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на бургијата, ненадејно
стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5
секунди, приказот за полнење трепка и електро-алатот
самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од
приказот за полнење сè додека батеријата не се излади. По
гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со
работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, -Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
n
0
V
МАКЕДОНСКИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги
упатствата за употреба пред пуштањето во
употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носете ракавици!
Предупредување! Опасност од нагмечување!
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска
опрема како несортиран комунален отпад.
Отпадните батерии и отпадната електрична
и електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место
за собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба
и рециклирање на отпадните батерии и
отпадната електрична и електронска опрема
помага да се намали побарувачката на
суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што
содржат литиум, и отпадната електрична
и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може
негативно да влијаат на животната средина и
на здравјето на луѓето доколку не се отстранат
на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Брзина без оптоварување
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
101

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M18 bsbt-202xM18 bsbt-0x

Table of Contents