Milwaukee M18 BSBT Original Instructions Manual page 100

Hide thumbs Also See for M18 BSBT:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот
повторно додека употребуваното орудие е блокирано;
притоа би можело да дојде до повратен удар со висок
момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за
блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во предвид
напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Отстранете ја батеријата пред да започнете какви било
работи за прилагодување, чистење и одржување на уредот.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Никогаш не ги кршете батериите и полначите и чувајте ги
само во суви простории. Заштитете од влага.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Алатката за сигурносни завртки е исклучиво дизајнирана да
врши електрични поврзувања со помош на приклучоците за
завртки. Смее да се користи само за затегнување завртки
дизајнирани да се одвојат кога посакуваната сила на
затегнување е достигната или е под 100 Nm. Алатката НЕ е
погодна за работа на делови под напон.
Не користете го производот на поинаков начин од
наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во
целост да се исклучат остаточни опасности. При употребата
можат да се појават следниве ризици, поради кое што
корисникот мора да обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и
ограничете го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето
на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти
чевли.
• Вдишување токсични прашини.
100
РАБОТНИ УПАТСТВА
Пред да започнете со работа, исклучете ги каблите и
погрижете се да останат исклучени од напојувањето во текот
на целата работа.
Ако не можете да се осигурате дека кабелот е исклучен, не
смее да се врши работата.
Мора да се почитуваат локалните безбедносни норми и
прописи.
Заштитете го електричниот алат од дожд и не користете го
на влажни или мокри места.
РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: за да го намалите ризикот од
експлозии, електричен удар или материјална штета,
никогаш не сечете ги електричните кабли под напон.
Уредот НЕ Е изолиран. Контактот со коло под напон може
да резултира со тешка повреда или смрт. Исклучете го
напојувањето пред поврзувањето.
Секогаш отстранувајте ја батеријата пред да менувате
или отстранувате додатоци. Користете само додатоци
кои се специјално препорачани за овој уред. Другите
додатоци може да бидат опасни.
За да го намалите ризикот од повреда, носете заштитни
очила или очила со странични штитови.
Секогаш следете ги упатствата за склопување на
производителот на конекторот.
Консултирајте ги документите обезбедени од производителот
за упатства за ракување и склопување на конектори.
Само откако завртката ќе се отсече ќе се постигне
потребниот момент на затегнување и со тоа ќе биде
загарантирана потребната контактна сила.
Ако завртката не се отсече, капацитетот на батеријата може
да не е доволен. Во овој случај наполнете ја батеријата.
Одговорноста на корисникот е да провери и да оцени дали
поврзувањето е точно.
Неправилните поврзувања треба да се отсечат и да се
заменат со нови приклучоци.
Сите шрафови на приклучокот треба секогаш да бидат
завртени.
Користете ги само приклучоците дадени во комплетот со
алатки.
Се препорачува да се користат клинови само кога работите
на приклучоци со сите завртки порамнети во еден ред.
За сите останати случаи, треба да се користи виљушката
за прицврстување. Изберете ја виљушката врзоснова на
надворешниот дијаметар на приклучокот.
Секогаш приспособивајте ја должината помеѓу завртките
според големината на користениот приклучок кога се работи
без виљушка за прикачување. Клиновите се правилно
поставени кога може само да се турнат врз приклучокот.
Клиновите и приклучоците за виљушка се дизајнирани
да дојдат во контакт со телото на приклучокот. За време
на нанесувањето, избегнувајте контакт со која било
друга компонента за да избегнете негативни ефекти врз
поврзувањето.
Секогаш користете ја комбинацијата на клин и виљушка како
што е опишано во ова упатство.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

M18 bsbt-202xM18 bsbt-0x

Table of Contents