Philips Aqua Plus 8000 Series Manual page 174

Cordless vacuum
Hide thumbs Also See for Aqua Plus 8000 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
174
-
Пред употреба, секогаш проверете го уредот. Не користете го уредот или адаптерот ако е оштетен. Секогаш заменувајте го оштетениот
дел со оригинален.
-
Адаптерот има трансформатор. Не отсекувајте го адаптерот за да го замените приклучокот, бидејќи тоа предизвикува опасна ситуација.
-
Ако уредот ако е оштетен, не полнете го.
-
Секогаш отстранувајте ја батеријата и/или исклучете го уредот пред да се изведува одржување на уредот.
-
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални
способности или со недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Децата не треба да го чистат или да
го одржуваат уредот без надзор.
-
Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или одржување на уредот.
-
Откачете го адаптерот ако планирате да не го користите уредот подолго време.
-
При складирање на уредот подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете се дека батеријата е наполнета до најмалку
50 %. Складирање на уредот со празна батерија може да доведе до неповратна штета на батеријата.
-
Не дозволувајте моторизираната млазница да поминува преку каблите на други уреди или други кабли бидејќи ова може да
предизвика опасност.
-
Не потопувајте го уредот или адаптерот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма.
-
Држете ги широката облека, косата и деловите од телото подалеку од моторизираните четки.
-
Не покривајте ги и не блокирајте ги отворите за вентилација додека работи уредот.
-
Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не користете ја правосмукалката за смукање градежен шут, прав од
цемент, пепел, ситен песок, вар и слични супстанции. Никогаш не користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го оштети
моторот и да го скрати работниот век на правосмукалката. Секогаш чистете ги сите делови на правосмукалката како што е прикажано
во корисничкото упатство. Не чистете ниту еден дел со вода и/или со средства за чистење ако ова не е конкретно прикажано во
корисничкото упатство.
-
Однесете го уредот во овластен сервисен центар на Philips кога веќе не можете да ја наполните или кога брзо се празни.
Внимание
-
При полнењето, адаптерот е топол на допир. Тоа е нормално.
-
Не потпирајте го уредот наспроти ѕид или друг објект, може да падне и да создаде небезбедна ситуација.
-
Не приклучувајте го, откачувајте го и не работете со уредот со мокри раце.
-
Не отстранувајте го адаптерот од ѕидниот приклучок тегнејќи го за кабелот (Сл. 1). Кога нема да полните со станицата за полнење,
секогаш исклучувајте го кабелот на уредот со влечење на малиот приклучок од уредот и на адаптерот од штекерот.
-
Секогаш исклучувајте го уредот по користењето и пред да го полните.
-
Никогаш не блокирајте ги отворите за излез на воздухот на задната страна од уредот за време на смукањето.
-
Не мијте ги во машина за миење садови деловите од уредот што може да се отстранат. Овие делови не се соодветни за машини за
миење садови.
-
Не чистете го белиот материјал на држачот на филтерот со нормална правосмукалка или со четка за да се избегне оштетување на
материјалот.
-
Секогаш користете ја правосмукалката со склопен филтер.
-
Кога ќе го чистите филтерот што може да се мие со вода, проверете дали е целосно сув пред да го вратите во држачот за филтер и
садот за прав. Не сушете го сунѓерестиот филтер на директна сончева светлина, на радијатор или во машина за сушење. Не чистете го
држачот за филтер со вода. Овој дел не се мие.
-
Заменете го филтерот ако веќе не може да се исчисти соодветно или ако е оштетен (видете 'Нарачување додатоци').
-
Никогаш не користете додатоци или делови од други производители или оние што Philips не ги препорачува конкретно. Доколку
користите такви додатоци или делови, вашата гаранција станува неважечка.
-
Осигурете се дека уредот е монтиран со станицата за полнење прикачена на ѕидот според упатствата од Прирачникот за корисникот.
-
Внимавајте кога дупчите дупки во ѕидот за прикачување на станицата за полнење за да се избегне ризикот од електричен удар.
-
Кога овој уред се користи со резервоарот за вода, тој користи вода за чистење, па затоа подот може да биде влажен и лизгав некое
време (Сл. 2).
-
Philips го тестираше овој уред само со средство за чистење подови XV1792 на Philips. Средството за чистење подови XV1792 на Philips е
достапно во одредени маркети. Кога се користи друго соодветно течно средство за чистење подови, додајте најмногу 10 ml во
резервоарот за вода. Посетете ја www.philips.com/support за да видите дали средството за чистење подови XV1792 на Philips е
достапно во вашата земја.
-
За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте восок, масло или производи за одржување подови или течни средства за чистење
подови што не се растворливи во вода во резервоарот за вода.
-
За да се спречи оштетување, никогаш не ставајте етерични масла или слични супстанции во резервоарот за вода и не дозволувајте
уредот да ги смука.
-
Користете само течни средства за чистење подови што се безбојни. Не користете млечни или обоени средства за чистење подови.
-
Не користете различни типови течни средства за чистење заедно. Кога сте користеле едно течно средство за чистење подови, прво
испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода пред да додадете друго течно средство за чистење подови во водата во
резервоарот за вода.
-
Никогаш не надминувајте ги максималните количини наведени на шишето кога користите течно средство за чистење подови. Не
ставајте повеќе од неколку капки во водата во резервоарот за вода, бидејќи резервоарот има капацитет од 380 ml.
-
Не чистете ја металната лента за навлажнување со остар предмет, бидејќи тоа може да ја оштети лентата. Чистете ја лентата за
навлажнување само со плакнење под чешма. Заменете ја лентата за навлажнување кога веќе не можете да ја исчистите.
-
Заменувајте ја лентата за навлажнување само со оригинална лента.
-
За да се гарантираат добри резултати при чистење и соодветно функционирање на уредот и резервоарот со вода, секогаш користете
оригинални влошки за чистење од серијата Philips 8000.
-
Чистете го резервоарот за вода според упатствата. Резервоарот за вода не се мие во машина за садови.
-
По бришење на подовите, не складирајте го уредот со резервоарот за вода прикачен на станицата за полнење. Ако го направите тоа,
влажната влошка за бришење ќе го допре ѕидот и може да дојде до негово оштетување. Секогаш отстранувајте го резервоарот за вода
пред да го складирате уредот.
Безбедносни упатства за батеријата
-
Користете го овој производ само за неговата предвидена намена и следете ги општите и безбедносните упатства за батеријата како
што е опишано во упатствово за користење. Секое неправилно користење може да доведе до електричен удар, изгореници, пожар или
други опасности или повреди.
-
Полнете го уредот само со доставениот адаптер. Користете само адаптер од 34 V, ZD012M340044. Соодветниот број на адаптерот може
да се најде на самиот адаптер.
-
Полнете го, користете го и чувајте го производот на температура помеѓу 5 °C и 40 °C.
-
Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина или на високи температури (во близина на врели печки, во микробранови
печки или на индукциски шпорети). Ако се прегреат, батериите можат да експлодираат.
-
Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips.
-
Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети.
-
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Aqua plus xc8057Aqua plus xc8055Aqua plus xc8055/01

Table of Contents