Philips NX0960 Manual page 82

Air cooker
Hide thumbs Also See for NX0960:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
82 МАКЕДОНСКИ
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU). (сл. 2)
-
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и
електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните
последици по животната средина и човековото здравје.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува
да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата
гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за
користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Декларација за усогласеност
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека апаратот Air Cooker (NX095x; NX096x) е
усогласен со Директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса:
https://www.philips.com.
Овој апарат е опремен со WiFi-модул, 2,4 GHz 802.11 b/g/n со максимална излезна моќност од
92,9 mW EIRP.
Ажурирања на софтверот
Ажурирањето е важно за заштита на вашата приватност и за правилно работење на апаратот Air
Cooker и на апликацијата.
Секогаш ажурирајте ја апликацијата со најновата верзија. Исто така, апаратот Air Cooker го
ажурира фирмверот автоматски.
Забелешка
За да овозможите ажурирање на апаратот Air Cooker со најновата верзија на фирмверот,
проверете дали Air Cooker е поврзан со домашната Wi-Fi-мрежа.
Секогаш користете ја најновата апликација и фирмвер.
Ажурирања се достапни кога има подобрувања за софтверот.
Ажурирањето на фирмверот започнува автоматски кога апаратот Air Cooker е во режим на
подготвеност. Ова ажурирање трае неколку минути. Во текот на овој период апаратот Air
Cooker не може да се користи.
Компатибилност на уредот
За детални информации во врска со компатибилноста на апликацијата, погледнете ги
информациите во App Store.
Фабричко ресетирање
За фабричко ресетирање на Air Cooker, изберете ја функцијата за фабричко ресетирање во
менито Tools/Settings (Алатки/Поставки).
Потоа апаратот Air Cooker повеќе не е поврзан со вашата домашна Wi-Fi-мрежа и не е впарен со
вашиот паметен уред.
Впарување
Апаратот Air Cooker може далечински да го управува само еден корисник истовремено. Ако втор
корисник сака да управува со апаратот Aircooker и да ја користи апликацијата NutriU, потребно
е да се изврши постапката за впарување. Тоа автоматски ќе го поништи впарувањето на првиот
корисник.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents