Philips NX0960 Manual page 81

Air cooker
Hide thumbs Also See for NX0960:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
-
Секогаш користете го наменскиот додаток за обработка на вашата храна. Никогаш не ставајте
ја храната во директен контакт со генераторот за пареа на дното.
-
Не го оставајте апаратот да работи без надзор, секогаш имајте контрола над апаратот.
-
Секогаш користете го апаратот со правилно затворен капак.
-
Ако ја користите функцијата „sous vide" (во вакуум), користете само висококвалитетни кеси за
„sous vide". (само NX0960)
-
Само кесите за „sous vide" се отпорни на високата температура. Пластичните кеси што не се
наменети за „sous vide" може да се стопат. (само NX0960)
-
Употребата на функцијата „sous vide" на температури под 60 °C не се препорачува бидејќи
може да предизвика развој на бактерии. (само NX0960)
-
Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
-
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф
или завеса.
-
Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со
храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
-
Никогаш немојте да готвите замрзнато месо, живина или морски плодови на пареа. Секогаш
оставајте ги овие состојки целосно да се одмрзнат пред готвењето на пареа.
-
Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
-
Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 10 °C и 40 °C.
Внимание
-
Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба
во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или
други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели,
угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
-
Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред
склопување, расклопување, складирање или чистење.
-
Немојте да го преместувате апаратот за готвење на пареа додека работи.
-
Секогаш доставувајте го апаратот во овластен сервисен центар на Philips за испитување или
поправка. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде
поништена.
-
Во резервоарот за вода користете единствено вода. (само NX0960)
-
Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го
чистите.
-
Ставајте го апаратот само на стабилна, хоризонтална и рамна површина.
-
Температурата, влажноста и времето предложени во однапред поставените програми се
предвидени како насока и се разликуваат врз основа на видот и количината на храна што сте
ја ставиле во апаратот.
-
Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или
полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот
за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за
настанатата штета.
-
За да го наполните, дополните или да го испразните резервоарот за вода, извадете го од
апаратот. Не навалувајте го апаратот за да го испразните резервоарот за вода. (само NX0960)
-
Ако треба да се отстранат течностите од комората за готвење, користете сунѓер или слично.
Немојте да го навалувате апаратот за да го испразните. (само NX0960)
-
Бидејќи храната има различно потекло, големина и бренд, погрижете се да е соодветно
зготвена пред да ја послужите.
-
Не користете ја преградата на апаратот како простор за складирање, освен за соодветните
додатоци.
-
Откако ќе ја одмрзнете храната, немојте повторно да ја замрзнувате.
-
Немојте да користите оцетна киселина за отстранување бигор.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на
електромагнетни полиња.
МАКЕДОНСКИ
81

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents