Samsung MS23H3125 Series Owner's Instructions & Cooking Manual page 78

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 211
Инструкции за автоматско готвење со сензор
Автоматскиот сензор ви овозможува автоматски да ја готвите вашата храна со
откривање на количината на гасови кои се генерираат при готвењето на храната.
• При готвење на храна се испуштаат многу видови на гасови. Автоматскиот
сензор го одредува соодветното време и нивото на јачина преку откривање на
гасовите од храната, елиминирајќи ја потребата за поставување на времето за
готвење и нивото на јачина.
• Ако го покриете садот со неговиот капак или пластична фолија при готвење со
сензор, автоматскиот сензор ќе ги открие гасовите кои се генерираат откако
садот ќе се засити со пареа.
Ако користите пластична фолија, не заборавајте да оставите мал отвор
на работ од садот за вентилација или, пак, направете неколку дупчиња.
• Непосредно пред крајот на готвењето, преостанатото време за готвење ќе
почне да одбројува наназад. Ова време е погодно за ротирање или мешање на
храната за рамномерно готвење, доколку е потребно.
• Пред да започнете со автоматското готвење со сензор може да ја зачините
храната со билки, зачини или сосови за готвење. Сепак, бидете внимателни
бидејќи солта или шеќерот може да предизвикаат изгорени точки на храната,
па затоа овие состојки треба да се додадат по готвењето.
• За да добиете добри резултати при готвењето со оваа функција, следете ги
упатствата за избирање на соодветни садови и капаци од табелата во оваа
книга.
• Секогаш употребувајте садови наменети за микробранови печки и покривајте
ги со нивните капаци или со пластична фолија. При користење на пластична
фолија, подвратете еден раб за да овозможите соодветно излегување на
пареата.
• Секогаш покривајте со капакот кој е наменет за приборот кој се користи. Ако
приборот нема сопствен капак, користете пластична фолија.
• Полнете ги садовите најмалку до половина.
• Храната за која е потребно мешање или ротирање треба да се меша или врти
кон крајот на циклусот на готвењето со сензор, откако времето на екранот ќе
почне да одбројува наназад.
MS23H3125AK_OL_DE68-04241E-00_MK.indd 18
Прибор и капак за готвење со сензор
• За да добиете добри резултати при готвењето со оваа функција, следете ги
упатствата за избирање на соодветни садови и капаци од табелата во оваа
книга.
• Секогаш употребувајте садови наменети за микробранови печки и покривајте
ги со нивните капаци или со пластична фолија. При користење на пластична
фолија, подвратете еден раб за да овозможите соодветно излегување на
пареата.
• Секогаш покривајте со капакот кој е наменет за приборот кој се користи. Ако
приборот нема сопствен капак, користете пластична фолија.
• Полнете ги садовите најмалку до половина.
• Храната за која е потребно мешање или ротирање треба да се меша или врти
кон крајот на циклусот на готвењето со сензор, откако времето на екранот ќе
почне да одбројува наназад.
Важно
• По инсталирање на печката и приклучување во електричен приклучок, не го
исклучувате кабелот за напојување. На сензорот за гас му е потребно време да
се стабилизира за да може добро да готви.
• Не се препорачува континуирано користење на функцијата за автоматско
готвење со сензор, т.е. циклус на готвење веднаш еден по друг.
• Инсталирајте ја печката на место со добра вентилација за соодветно ладење и
проток на воздухот и да му овозможите на сензорот да работи прецизно.
• За да избегнете лоши резултати, не го користите автоматскиот сензор кога
амбиенталната температура во собата е премногу висока или ниска.
• Не користете испарлив детергент при чистење на вашата печка. Гасот кој се
добива од овој детергент може да влијае врз сензорот.
• Не поставувајте ја печката во близина на места со голема влага или уреди кои
испуштаат гас, бидејќи тие ќе им пречат на перформансите на автоматскиот
сензор.
• Внатрешноста на печката секогаш треба да биде чиста. Избришете ја целата
протечена течност со влажна крпа.
Оваа печка е дизајнирана само за користење во домаќинствата.
Македонски - 18
2014-01-15
11:24:30

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents