Milwaukee HEAVY DUTY C12 RT Original Instructions Manual page 59

Hide thumbs Also See for HEAVY DUTY C12 RT:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 8
На пример никогаш немојте да стругате со страничната
површина на разделна плоча. Разделните плочи се
наменети за симнување на материјалот со кантот на
плочата. Странично делување на сила врз овие тела на
стругање може да ги скрши.
b) За конични и прави затици за стругање со навои
употребувајте само неоштетени трнови од исправната
големина и должина, без задно сечење кај рамото.
Соодветниот трн ја намалува можноста од кршење.
c) Избегнувајте блокирање на разделната плоча или
премногу висок притисок на притиснување. Не
изведувајте премногу длабоки засеци. Преоптоварување
на разделната плоча го зголемува нејзиното оптоварување
и подложноста за искантување или блокирање и со тоа
можноста на повратен удар или кршење на телото за
стругање.
d) Не ја позиционирајте раката во правец на ротацијата
односно позади ротирачката разделна плоча. Ако
разделната плоча во парчето кое што се обработува ја
придвижите од Вашата рака натака, во случај на повратен
удар електро-орудието може со плочата која што се врти
директно да биде катапултирано врз Вас.
е) Доколку разделната плоча се заглави или Вие ја
прекинете работата, исклучете го апаратот и мирно
држете го сé додека плочата нема да се смири. Никогаш
немојте да се обидувате, разделната плоча која сé уште
работи да ја извлечете од засекот, затоа што би можело
да дојде до повратен удар. Откријте и поправете ја
причината за заглавувањето.
f) не го вклучувајте електро-орудието повторно, сé
додека се наоѓа во парчето кое што се обработува.
Најпрво оставете ја разделната плоча да го постигне
полниот број на обртаи пред засекот внимателно да го
продолжите. Во спротивно плочата би можела да се
заглави, да искочи од парчето кое што се обработува или
да предизвика повратен удар.
g) Плочите или големите парчиња за обработка
потпрете ги добро, за да го намалите ризикот од
повратен удар предизвикан од заглавена разделна
плоча. Големи парчиња за обработување можат да се
извиткаат под сопствената тежина. Парчето кое што се
обработува мора да биде потпрено на двете страни од
плочата, и тоа како во близина на разделниот засек така и
на кантот.
h) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Разделната плоча која што влегува, при сечењето во
водови на гас или вода, електрични водови или други
објекти да предизвика повратен удар.
Посебни напомени за предупредување при работење
со жичани четки:
а) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка и за
време на вообичаената употреба губи парчиња жица.
Не ги преоптоварувајте жиците со премногу висок
притисок на притиснување. Парчиња жица кои што се
разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна
облека и/или кожата.
b) Оставете ја жичаната четка пред употребата барем
една минута да работи со работен број на обртаи.
Држете се Вие и лица кои што се во близина настрана
односно вон нивото на ротирачкото орудие на примена.
Лабави парчиња од четката или парчиња жица се
исфрлуваат за време на ова влезно време.
c) Држете ја ротирачката жичана четка настрана од
себе. При примената на четките, помали партикли или
многу малечки делчиња скршена жица, можат да се
ослободат со голема брзина и да навлезат во Вашата кожа.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
116
МАКЕДОНСКИ
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста
за извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за
повратен удар или за кршење на телото за брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск
за делење. Доколку дискот за делење го движите во
материјалот за обработка во насока подалеку од себе, во
случај на повратен удар електро-алатот со дискот што се
врти, може да се насочи директно кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба
на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го
извлечете дискот од засекот додека се врти, во
спротивно може да дојде до повратен удар.
Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар
како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на
својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде
потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот
за делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови" кај
ѕидови или во други непрегледни области. Дискот што
навлегува може да предизвика повратен удар при сечење
во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови
или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со
хартија за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење,
можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење
на листовите или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата
со четките со жица:
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок
на допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат
да навлезат низ тенка облека и/или во кожата.
б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање
може да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како
резултат на притисокот при допир и на центрифугалните
сили.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто
така препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои
не се лизгаат и престилка.
По исклучувањето машибата нема веднаш да се смири.
(Задоцнета работа на работното вретено). Дозволете и на
машината комплетно да сопре пред да ја спуштите.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Користете само алати чија даозволена брзина е најмалку
колку највисоката брзина на машината без оптоварување.
Проверете ги глодачките алати пред употреба. Глодачката
алатка мора да биде соодветно монтирана и слободно
вртлива. Направете тест во траење од минимум 30 секунди
без оптоварување. Не користете оштетени, изместени или
глодачки алати кои вибрираат.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик
од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани
во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или
честичките од камена прашина кои летаат од
обработуваното парче да не дојдат во контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се
почне со работа со машината.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови
согласно препораките на производителот.
Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку
не е доволно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го
насочувајте работното парче кон глодачкиот диск со рака.
Обезбедете ја работата. Користете штипки или држачи за
да ја задржите. Побезбедно е отколку да ги користите
рацете, а истовремено тие остануваат слободни за работа.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во
случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Користете исклучиво Систем Milwaukee C12 за полнење на
батерии од Milwaukee C12 систем. Не користете батерии од
друг систем.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте
ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја користите
машината.
Осигурете се дека алатот за глодање е инсталиран
соодветно препораките на производителот.
Димензијата на глодачкиот алат мора да биде соодветен на
глодалката.
При прашливи зафати, вентилациските отвори на
машината мора да бидат сочувани отворени, исклучете го
напојувањето на машината и исчистете ја правта. За ова
користете неметални предмети, при тоа внимавајќи да не
се оштетат внатрешните делови.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вистинските глодачи се погодни за глодање дрво, метал,
пластика или слични материјали, особено на тешко
достапни места и агли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ
е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи. EN 60745, EN 55014-1, EN
55014-2, и е во согласност со прописите 2006/42/EC,
2004/108/EC
Winnenden, 2011-01-05
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
БАТЕРИИ
ве молиме да ги прочитате инструкциите за користење на
напојувачките батерии наведени во упатството за
користење на полначот
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по
4-5 циклуса на полнење и празнење. Подолг период
неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: Milwaukee Electric Tool, Max-Eyth-Straße 10,
D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш носете ракавици кога ја користите
машината.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат одвоено
собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
117

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents